Известувања
◼ Понуда на литература за јануари: Која било книга од 192 страници, издадена пред 1985 која собранието можеби ја има на располагање. Собранијата кои немаат резерва од такви книги може да ја нудат Pravi mir i sigurnost — Kako ih pronaći? или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Февруари: Тајната на семејната среќа. Март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложуваат посебни напори за да се започнат домашни библиски студии. Април: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Имај ја брошурата Бара при рака за заинтересираните и настојувај да започнеш домашна библиска студија.
◼ Додатокот од ова издание на Наша служба за Царството во врска со обласниот конгрес за 1999 ќе се обработи на Состанокот за служба во седмицата од 28 декември 1998.
◼ На сите крстени објавители кои ќе бидат присутни на Состанокот за служба во седмицата од 4 јануари, ќе им биде поделена картичката Однапред дадена медицинска директива/ослободување и Легитимацијата за нивните деца.
◼ Почнувајќи од февруари, а не подоцна од 1 март, новото јавно предавање за покраинските надгледници ќе гласи: „Колку ти е реален Бог?“
◼ Собранијата треба да прават подготовки за да го прослават Меморијалот годинава, во четврток на 1 април, после зајдисонце. Иако предавањето може да започне порано, подавањето на симболите за Меморијалот не треба да започне пред зајдисонце. Проверете кај локалните извори за да одлучите кога настапува зајдисонцето во вашето подрачје. Иако е пожелно секое собрание да одржи своја сопствена прослава на Меморијалот, тоа можеби не е секогаш можно. Онаму каде што обично неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе можат да набават друг објект за таа вечер. Онаму каде што е можно, предлагаме да има барем 40 минути помеѓу програмите за да се допушти време да се поздрават посетителите, да се охрабрат новозаинтересираните и целосно да се извлече корист од таа прилика. Треба да се размисли и за сообраќајот и проблемите со паркирањето, вклучувајќи и оставање и земање патници. Старешинското тело треба да одлучи кои подготовки ќе бидат најдобри локално.
◼ Специјалното јавно предавање за сезоната на Меморијалот за 1999 ќе се одржи в недела, на 18 април. Темата на говорот ќе биде „Вистинско пријателство со Бог и со ближниот“. Нацртот ќе биде доставен. Оние собранија кои тој викенд имаат посета од патувачкиот надгледник, покраински собир или Ден на специјален собир, ќе го имаат специјалното предавање следната седмица. Ниедно собрание не треба да го има специјалното предавање пред 18 април 1999.