ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/99 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 1999
Нашата служба за Царството 1999
km 3/99 стр. 3

Известувања

◼ Понуда на литература за март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложуваат посебни напори за да се започнат домашни библиски студии. Април и мај: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Имај ја брошурата Бара при рака за заинтересираните и настојувај да започнеш домашни библиски студии. Јуни: Спознание кое води до вечен живот.

◼ Објавителите кои сакаат да служат како помошни пионери во април и мај треба сега да ги направат своите планови и рано да ја предадат својата молба. Тоа ќе им помогне на старешините да ги направат потребните подготовки за служба на теренот и да имаат при рака доволно списанија и друга литература. Во собранието треба да бидат објавени имињата на сите на кои им е одобрено да бидат помошни пионери.

◼ Меморијалот ќе се одржи в четврток, 1 април 1999. Ако вашето собрание обично има состанок в четврток, тој треба да се премести во друг ден од седмицата доколку е слободна Салата на Царството. Ако тоа не е можно, а се работи за вашиот Состанок за служба, оние делови кои се однесуваат баш на вашето собрание, можат да се вклучат во некој друг Состанок за служба.

◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е назначен од него треба да го прегледа собраниското сметководство на 1 март или колку што е можно набрзо после тоа. Кога тоа ќе биде сторено, дајте известување пред собранието откако ќе биде прочитан следниот сметководен извештај.

◼ Заедницата не исполнува нарачки за литература на поединечни објавители. Претседавачкиот надгледник треба да направи подготовка секој месец, пред да се испрати собраниската месечна нарачка за литература до Заедницата, да се даде известување така што сите кои се заинтересирани да набават литература за лична употреба ќе можат да го известат братот кој работи на литература. Ве молиме, имајте на ум кои публикации спаѓаат во специјална нарачка.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели