Известувања
◼ Понуда на литература за септември: Спознание кое води до вечен живот. Октомври: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Ноември: Што бара Бог од нас? или Спознание кое води до вечен живот. Декември: Спознание кое води до вечен живот.
◼ Старешините се потсетени да ги проследат упатствата дадени во Стражарска кула од 15 април 1991, страници 21—23, во врска со сите исклучени или одвоени лица кои можеби се склони да бидат повторно примени.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е одреден од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 септември или колку што е можно побрзо после ова. Кога ќе се направи тоа, дајте известување пред собранието откако ќе се прочита следниот сметководен извештај.
◼ Заедницата не исполнува нарачки за литература на поединечни објавители. Претседавачкиот надгледник треба да направи подготовка секој месец да се дава известување пред да се испрати до Заедницата собраниската месечна нарачка за литература за да можат сите кои се заинтересирани да добијат лични примероци да го известат братот кој е одговорен за литература. Ве молиме, имајте на ум кои публикации спаѓаат во специјална нарачка.
◼ Обласните и меѓународни конгреси за 1998 „Божјиот пат на живот“ беа вистински благослов за сите што присуствуваа. Меѓу присутните имаше 2.764 мисионери и меѓународни слуги кои беа во можност да ја посетат својата татковина со помош на великодушните донации од собранијата. Многу се цени поддршката на оваа подготовка. Со завршувањето на овие конгреси, преостанатите фондови што беа приложени за оваа цел ќе се употребат за поддршка на светското дело на проповедање.
◼ Почнувајќи со изданието од 1 септември 1999, Стражарска кула ќе стои на располагање на јазикот казак како месечно издание.