ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/99 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 1999
Нашата служба за Царството 1999
km 12/99 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература за декември: Спознание кое води до вечен живот. Јануари: Која и да било книга од 192 страници објавена пред 1986 од која собранието можеби има резерва. Собранијата кои немаат резерва од такви книги може да ги нудат книгите Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Февруари: Тајната на семејната среќа. Март: Спознание кое води до вечен живот. Треба да се вложува посебен напор за да се започнат домашни библиски студии.

◼ Со својата декемвриска нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат повези од Стражарска кула и Разбудете се! за 1999. Повезите ќе бидат достапни на англиски, германски, италијански, руски, француски и хрватски. Сѐ додека повезите не бидат достапни и не се испорачаат, на собраниските листи за пакување на литература ќе се појавуваат како „Следи“. Повезите се артикли со посебна нарачка.

◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е одреден од него треба да ја прегледа собраниската благајна на 1 декември или колку што е можно набрзо после тоа. Кога тоа ќе биде сторено, дајте известување во собранието откако ќе се прочита следниот сметководен извештај.

◼ Меморијалот за 2001 ќе се одржи в недела, 8 април, после зајдисонце. Ова известување е дадено однапред за да можат браќата да ги направат потребните резервации или договори за расположливи сали кога Салата на Царството ја користат неколку собранија и мораат да се најдат други објекти. Старешините треба да имаат договор со управата осигурувајќи се дека нема да има пречки од некои други активности во зградата, со цел одржувањето на Меморијалот да се одвива на еден мирен и уреден начин. Поради важноста на оваа прилика, при доделувањето говорник за Меморијалот старешинското тело треба да избере некој од поквалификуваните старешини наместо само да се менуваат или, пак, да се користи истиот брат секоја година. Ќе се направи исклучок доколку има некој способен старешина од помазаниците кој може да го изнесе говорот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели