Повторување во Теократската школа за служба
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за служба од 3 јануари до 17 април 2000. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референците кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референца за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Понекогаш мора да почекаме за да ги добиеме Јеховините благослови, бидејќи Јехова ја знае нашата ситуација и ја обезбедува секоја потреба тогаш кога ќе ни биде најкорисна (Псал. 144:16; Јак. 1:17) [w 1.1.98 стр. 23, пас. 5].
2. Присуството на ковчегот на заветот не им гарантирало успех на Израелците. Јеховините благослови зависеле од духовната положба и верната послушност на оние кои го поседувале ковчегот (Ис. Нав. погл. 7) [Седмично читање на Библијата; види it-1-E стр. 167, пас. 2].
3. Денес духовно се храниме едноставно читајќи ги Јеховините изјави (5. Мој. 8:3) [Седмично читање на Библијата; види w 1.10.85 стр. 26, пас. 15, стр. 27, пас. 17].
4. Начелото што е изнесено во Мозаитскиот закон во 5. Мојсеева 23:20 покажува дека еден христијанин не постапува со љубов ако зема камата кога дава пари на заем [Седмично читање на Библијата; види it-1-E стр. 1212, пас. 5, 6; it-2-E стр. 259, пас. 12; w 1.3.87 стр. 9, пас. 9].
5. Оптимистичниот извештај на Исус Навин и Халев се темелел на нивното цврсто верување во силата и одлучноста на Израелците да надминат секакви препреки кои стојат на патот на нивното заземање на Ветената земја (4. Мој. 13:30) [w 1.2.98 стр. 5, пас. 4].
6. Кога го спомнал „дарот“ во 1. Тимотеј, Павле го потсетил Тимотеј дека е помазан со свет дух, како и за небесната награда што го очекувала (1. Тим. 4:14) [w 15.2.98 стр. 25, пас. 1].
7. Книгата Исус Навин не додава никаква важна алка во извештајот кој води до создавањето на Семето на Царството [si стр. 46, пас. 24].
8. Книгата Судии е извештај за мажи кои биле избрани и наименувани од нацијата Израел за да владеат со неа пред времето на царевите [si стр. 46, пас. 2].
9. Барањето на Гедеон, опишано во Судии 6:37—39, покажува дека тој бил претерано претпазлив и сомничав [Седмично читање на Библијата; види w-E 1.4.88 стр. 30, пас. 6].
10. Поучувајќи ги своите ученици ‚да не прегрнуваат никого по патот поздравувајќи се‘, Исус ја нагласил итноста на проповедничкото дело и потребата да посветиме целосно внимание на оваа многу важна задача (Лука 10:4, NW) [w 1.3.98 стр. 30, пас. 5].
Одговори на следниве прашања:
11. Зошто е важно Јеховините зборови да бидат во срцето на родителите? (5. Мој. 6:5, 6) [Седмично читање на Библијата; види w 1.6.98 стр. 20, пас. 4].
12. Како може семејниот поглавар да го применува начелото што е запишано во 5. Мојсеева 11:18, 19? [Седмично читање на Библијата; види fy стр. 70, пас. 14].
13. Кој библиски показател постои дека избеганиот роб Онисим очигледно некое време бил со апостол Павле пред Павле да му пише на Филемон? [w 15.1.98 стр. 30, пас. 2].
14. Кога ќе видиме неправди или лично ќе ги доживееме, што можеме да правиме за да избегнеме да развиеме малодушен или песимистичен став? [w 1.2.98 стр. 6, пас. 1, 2].
15. На кој начин Исус Навин и Гедеон покажале длабока почит кон Божјиот закон? (5. Мој. 20:8, 15—18) [si стр. 41, пас. 32].
16. На кој начин настаните што се опишани во Исус Навин 10:10—14 имаат паралела со она што може да се очекува во Армагедон? [Седмично читање на Библијата; види w 1.1.87 стр. 20, пас. 12—14].
17. Наброј три користи од искрената пофалба за достоинствено однесување (Спореди Изреки 15:23, NW.) [w 1.2.98 стр. 31, пас. 5, 6].
18. Во склад со Исус Навин 20:4, на кој начин се бега во противсликата на градот прибежиште? [Седмично читање на Библијата; види w 1.1.87 стр. 21, пас. 16].
19. На кој начин Судии 5:31 покажува дека победата на судијата Варак над побројните сили на Сисар кај потокот Кисон има важно значење за нашево време? [Седмично читање на Библијата; види w-E 15.2.86 стр. 21, пас. 4].
20. Како можеме да покажеме ценење за начелото што стои зад изразот „секој стоеше на местото свое“, како што е запишано во Судии 7:21? [Седмично читање на Библијата; види w 1.10.82 стр. 11, пас. 17].
Впиши го зборот или фразата што се потребни за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. За да го искусиме Јеховиниот благослов во уште поголема мера, мора да продолжиме ․․․․․․․․ и да го преколнуваме Јехова да ни помогне ․․․․․․․․ поуките што се наоѓаат во неговата вдахновена Реч (1. Тим. 4:8, 9) [w 1.1.98 стр. 24, пас. 6].
22. Ласкањето му е многу неугодно на Јехова затоа што е мотивирано од ․․․․․․․․, не е ниту ․․․․․․․․ ниту ․․․․․․․․, и над сѐ, тоа е ․․․․․․․․ [w 1.2.98 стр. 30, пас. 2, 3].
23. Името Јошуа (Исус Навин) значи ․․․․․․․․ и било пророчки облик на ․․․․․․․․ [si стр. 42, пас. 5].
24. Во склад со Исусовата илустрација во Матеј 7:24—27, разборитите родители можат да им помогнат на своите деца да се соочат со бурни притисоци со тоа што ќе им дадат ․․․․․․․․ кое ќе им помогне да останат ․․․․․․․․ [w 15.2.98 стр. 9, пас. 1].
25. Историскиот извештај во книгата Судии опфаќа еден општ временски период од смртта на ․․․․․․․․ па сѐ до времето на ․․․․․․․․, што вклучува околу ․․․․․․․․ години [si стр. 47, пас. 5].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Преземањето мерки околу располагањето со имотот во случај на смрт е (работа на собранието; лична работа; барање за вистинските христијани) (Гал. 6:5) [w 15.1.98 стр. 19, пас. 6].
27. Павле го охрабрил Филимон да го прими (Онам; Онисифор; Онисим) љубезно, но не го употребил апостолскиот авторитет за да му заповеда да го стори тоа или, пак, за да го ослободи својот роб (Филим. 21) [w 15.1.98 стр. 31, пас. 1].
28. Сериозниот пропуст на кој се укажува во извештајот за лепрозните кои ги излечил Исус е нивниот (недостиг на вера; непослушност; неблагодарност) (Лука 17:11—19) [w 15.2.98 стр. 5, пас. 1].
29. Бидејќи Бог го одобрил постапувањето на Раав, нејзините зборови до мажите во Јерихон кои ги гонеле Израелските шпиони покажуваат дека (лична одлука е дали да се лаже; едно лице не е должно да им открива веродостојни информации на луѓе кои не се овластени за тоа; таа сѐ уште не ги променила своите световни патишта) (Ис. Нав. 2:3—5; спореди Римјаните 14:4) [Седмично читање на Библијата; види w 15.12.93 стр. 25, пас. 1].
30. Како што е запишано во Јован 13:5, поуката што ја дава Исус ја истакнува особината (љубезност; сочувство; понизност), која го прави човека склон да ги извршува и најниските задачи во корист на другите [w 15.3.98 стр. 7, пас. 6].
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
5. Мој. 7:3, 4; 17:7; 25:11, 12; 28:3; Ерем. 15:20
31. Тоа што Творецот длабоко ги цени органите за размножување треба да влијае врз одлуката што ја донесува христијанинот во врска со некоја соодветна метода на планирање на семејството [Седмично читање на Библијата; види w 15.6.99 стр. 28, пас. 1—4].
32. Можеме да имаме доверба во Јеховината поддршка додека го исполнуваме нашиот налог да ја проповедаме добрата вест за Божјето Царство [w 1.3.98 стр. 28, пас. 1].
33. Обрнувањето внимание на библиското предупредување нѐ поштедува од болните последици кои честопати произлегуваат кога христијанинот ќе се впрегне во јарем со неверник [Седмично читање на Библијата; види w 1.5.90 стр. 20, пас. 11].
34. Добивањето благослови од Бог не зависи од тоа каде живееме или служиме или каква доделба имаме во Божјата служба [Седмично читање на Библијата; види w 15.6.96 стр. 15, пас. 15].
35. Како авторитет за своите упатства во 1. Коринтјаните поглавје 5 во врска со исклучувањето на престапниците, Павле го цитира Јеховиниот закон [Седмично читање на Библијата; види si стр. 213, пас. 24].