ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/01 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2001
Нашата служба за Царството 2001
km 1/01 стр. 3

Известувања

◼ Понуда на литература за јануари: Која и да било книга од 192 страници објавена пред 1986 од која собранието можеби има резерва. Собранијата кои ја имаат книгата Потрагата на човештвото по Бог можат да ја нудат и неа. Февруари: Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?, Откровение — близу е неговата величествена кулминација! или која и да е постара книга од 192 страници која собранието ја има во резерва. Март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложуваат посебни напори да се започнат домашни библиски студии. Април: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Нуди ја книгата Спознание или брошурата Бара, со цел да започнеш домашни библиски студии.

◼ Ве молиме забележете дека Меморијалот за 2002 ќе се одржи в четврток, на 28 март, после зајдисонце, а не в петок, на 22 март, како што е одбележано на крајот на Календарот за 2001. Ова известување е дадено однапред за да можат браќата да ги направат потребните резервации или договори за сали кои стојат на располагање во случај Салата на Царството да ја користат неколку собранија и да мораат да се најдат други објекти. Старешините треба да имаат договор со управата за да се осигураат дека нема да има пречки од некои други активности во зградата, со цел одржувањето на Меморијалот да се одвива на еден мирен и уреден начин. Поради важноста на оваа прилика, при доделувањето говорник за Меморијалот старешинското тело треба да избере некој од поквалификуваните старешини наместо да се менуваат или, пак, да се користи истиот брат секоја година. Ќе се направи исклучок доколку има некој способен старешина од помазаниците кој може да го изнесе говорот.

◼ Почнувајќи од февруари, а не подоцна од 4 март, новото јавно предавање за покраинските надгледници ќе гласи: „Судниот ден — време за страв или за надеж?“

◼ Сите крстени објавители кои ќе бидат присутни на Состанокот за служба во седмицата од 8 јануари можат да ја добијат картичката Однапред дадена медицинска директива/ослободување и Легитимацијата за нивните деца.

◼ Собранијата треба да прават соодветни подготовки за да го прослават Меморијалот годинава, во недела, на 8 април, после зајдисонце. Иако предавањето може да започне порано, подавањето на симболите не треба да започне пред зајдисонце. Проверете локално за да одредите кога настапува зајдисонцето на вашето подрачје. Бидејќи тој ден нема да се одржуваат други состаноци освен состаноци за служба на теренот, треба да се направат соодветни измени за да се одржи студијата на Стражарска кула во некој друг термин. Покраинските надгледници треба да направат измени во нивниот распоред за состаноци таа седмица, во зависност од локалните околности. Иако е пожелно секое собрание да одржи сопствена прослава на Меморијалот, тоа можеби не е секогаш можно. Онаму каде што обично неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе можат да набават друг објект за таа вечер. Каде што е можно, предлагаме да има барем 40 минути меѓу програмите за да има време да се поздрават посетителите, да се охрабрат новозаинтересираните и целосно да се извлече корист од таа прилика. Треба да се размисли и за сообраќајот и проблемите со паркирањето, вклучувајќи и оставање и земање патници. Старешинското тело треба да одлучи кои подготовки ќе бидат најдобри локално.

◼ Специјалното јавно предавање во времето на Меморијалот за 2001 ќе се одржи в недела, на 1 април. Темата на говорот ќе биде „Кој може да биде спасен?“ Нацртот ќе биде обезбеден. Оние собранија кои тој викенд имаат посета од патувачкиот надгледник, Покраински собир или Ден на специјален собир, ќе го имаат специјалното предавање следната седмица. Ниедно собрание не треба да го има специјалното предавање пред 1 април 2001.

◼ Почнувајќи со изданието од 8 јануари 2001, Разбудете се! ќе стои на располагање на бугарски јазик како месечно издание.

◼ Нови публикации на располагање:

Превод Нов свет на Христијанските грчки списи — албански, унгарски

Превод Нов свет на Светото писмо — со референции — чешки

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели