ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/01 стр. 3-4
  • Објавувај го Јеховиното име и постапки

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Објавувај го Јеховиното име и постапки
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • ,Во потполност проповедај ја речта Божја‘
    Нашата служба за Царството 2002
  • ‚Темелно да сведочиме за добрата вест‘
    Нашата служба за Царството 2008
  • Продолжи да ги разгласуваш Јеховините чудесни дела
    Нашата служба за Царството 2004
  • Објавувајте ги доблестите на Јехова
    Нашата служба за Царството 2007
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 2/01 стр. 3-4

Објавувај го Јеховиното име и постапки

1 „Славете Го Господа, повикувајте Го Неговото име, навестувајте ги Неговите дела [постапки, NW] меѓу народите . . . Нека се радува срцето на оние, кои Го бараат Господа“ (Псал. 105:1, 3). Псалмистот кој ги запишал овие зборови многу се радувал кога им кажувал на другите за Јехова и за неговите „постапки“. Какви постапки? Несомнено оние поврзани со Божјето славно царување и со „добрата вест на спасение од него“ (Псал. 96:2, 3, NW; Псал. 145:11, 12).

2 Додека наближува сезоната на Меморијалот за 2001, имаме многу причини да се радуваме заради Јеховините постапки со нас. Зошто? Господовата вечера, несомнено, е најголема годишна прослава за сите вистински христијани. Нема друга таква прилика во поглед на важноста, целта или начинот на кој се одвива. Тоа е прилика сите ние да се потсетиме што направиле Јехова и Исус за да обезбедат средство за наше спасение. Не е чудо тоа што во сезоната на Меморијалот природно очекуваме да видиме зголемена активност во службата на теренот, додека ја објавуваме „добрата вест на спасение од него“!

3 Ќе бидеш ли помошен пионер? Минатиот април имаше рекорден број од 186 лица кои се пријавија како помошни пионери. Можеме ли оваа година да ги направиме март и април посебни месеци на зголемена активност во службата? Во март има пет саботи а во април има пет недели. Планирајќи цели денови служба во текот на викендите, многу објавители кои работат со полно работно време увиделе дека можат да успеат да бидат помошни пионери. За да го исполни барањето од 50 часа месечно, еден помошен пионер треба да има во просек околу 12 часа седмично. Внимателно разгледај ги предложените распореди во рамката на 4. страница. Дали некој од нив ќе одговара на твоите околности? Ако не, ќе можеш да си направиш свој личен распоред за да бидеш помошен пионер овој март или април.

4 Старешините треба да започнат уште сега да ги засилуваат воодушевувањето и поддршката за зголемена активност во службата. Минатата година, во едно собрание каде што сите старешини и слуги помошници се пријавиле за помошна пионерска служба, 64 од 121 објавител биле пионери во април! Собранието се радувало и на шесте некрстени објавители кои почнале да даваат извештај во март и април. Навистина, нема подобро време за децата и за новите да ги замолат старешините да се квалификуваат да почнат да учествуваат во јавната активност на сведочење.

5 Дополнителните напори носат благослов: Собранијата кои си поставуваат посебни цели и вложуваат дополнителни напори уживаат многу благослови. Некои собранија можеби ставаат посебен нагласок на обработувањето на ретко обработувани подрачја, концентрирајќи се на алтернативни облици на сведочење, односно истакнувајќи го сведочењето по телефон — кое е делотворно средство за стапување во контакт со оние кои не биле најдени дома и со станарите до кои не може да се дојде.

6 Дали слабото здравје или напредната возраст мора да спречат некого да биде колку што е можно повклучен во службата? Не секогаш. На пример, една 86-годишна сестра која боледува од рак била помошен пионер во април и покрај тоа што нозете ѝ отекувале. Сведочењето по телефон ѝ овозможило да има целосно учество во службата, зголемувајќи ја нејзината фалба на Јехова. Ова имало поттикнувачко дејство врз неа и врз собранието.

7 Добро подготви се за Меморијалот: Оваа година Меморијалот се паѓа на 8 април. Бидејќи е недела, би требало повеќе лица да бидат во можност да присуствуваат. Можеби ќе имаме најголем број присутни досега ако го направиме нашиот дел со тоа што 1) ќе присуствуваме ние лично и 2) ќе ги каниме другите да дојдат со нас на Меморијалот. Кого треба да го поканиме?

8 Разгледај си ги белешките од службата на теренот за да ги најдеш имињата на оние кои покажале интерес за вистината, иако можеби не ги посетуваш редовно. Две или три седмици пред Меморијалот, сосредоточи се да ги посетиш сите нив со покана за Меморијалот. Ако ти дозволуваат околностите, понуди им превоз на оние кои би сакале да дојдат.

9 Во некои собранија не се искористуваат сите отпечатени покани за Меморијалот. Собраниските секретари треба да се погрижат поканите да стојат на располагање доволно однапред за да се дистрибуираат сите. Можеби ќе сакаш да го отчукаш на машина или читко да го запишеш времето и местото на Меморијалот на дното на поканата. Како потсетник, во повеќето случаи поканите за Меморијалот треба да се врачат лично на станарот.

10 Не заборавај ги неактивните: Причина за радост е кога некој библиски студент ќе се предаде на Јехова и ќе го симболизира тоа со крштавање во вода. Меѓутоа, секоја година некои го прекинуваат дружењето со нас и престануваат да им кажуваат на другите за Јеховиното име и постапки. Имаме добра причина за загриженост. Иако повеќето од оние кои се неактивни не ја напуштиле вистината, можеби престанале да проповедаат заради обесхрабрување, лични проблеми или други животни грижи (Мат. 13:20—22). На оние кои се духовно ослабнати им треба помош да се вратат во собранието пред да бидат проголтани од Сатановиот систем (1. Пет. 5:8). Оваа сезона на Меморијалот сакаме да вложиме посебни напори за да им помогнеме на сите неактивни кои се квалификуваат повторно да се вклучат во проповедањето на добрата вест.

11 Собранискиот секретар треба да им укаже на водителите на студија на книга за сите во нивната група кои се неактивни. Собранискиот одбор за служба ќе преземе водство во подготовките за правење пастирски посети кај сите неактивни. Ако се утврди дека на некој поединец ќе му користи библиска студија, надгледникот за служба ќе направи подготовки да му се помогне, откако ќе се консултира со другите членови на службениот одбор во врска со тоа кој најмногу ќе одговара за да ја води студијата. Иако можеби нема да има потреба студијата да се води долго време, оној што е доделен да ја води може да го известува времето, повторните посети и библиската студија.

12 Минатиот април една сестра која работела од куќа до куќа му понудила списанија на еден млад човек на улица. Тој ѝ кажал дека неговата сопруга е неактивен Сведок. Прашал каде е Салата на Царството и ја поканил сестрата да ги посети него и неговата сопруга. Како резултат на тоа, двојката дошла на следниот состанок и се согласиле на библиска студија.

13 Подготви се за зголемена активност! Псалмистот кој изјавил дека треба да го објавуваме Јеховиното име и постапки, додал: „Пејте Му, свирете Му, раскажувајте ги сите Негови чудеса! Фалете се со Неговото свето име“ (Псал. 105:2, 3). Да ја покажеме нашата заинтересираност за Јеховиното величествено име и за неговите „чудеса“ со тоа што ќе ги зголемиме нашите напори во службата и на тој начин оваа сезона на Меморијалот ќе ја направиме најубава досега!

[Рамка на страница 4]

Различни начини да се испланираат 12 часа седмично за помошен пионер

Ден Часови

Понеделник 1 2 − −

Вторник 1 − 3 −

Среда 1 2 − 5

Четврток 1 − 3 −

Петок 1 2 − −

Сабота 5 4 3 5

Недела 2 2 3 2

Вкупно: 12 12 12 12

Дали некој од овие распореди ќе ти одговара? Ако не, зошто не си направиш свој личен распоред?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели