Известувања
◼ Понуда на литература за февруари: Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?, Откровение — близу е неговата величествена кулминација! или која и да е постара книга од 192 страници која собранието ја има во резерва. Март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложуваат посебни напори да се започнат домашни библиски студии. Април и мај: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Нуди ја книгата Спознание или брошурата Бара, со цел да започнеш домашни библиски студии.
◼ Секретарот и надгледникот за служба треба да ја разгледаат активноста на сите општи пионери. Ако на некои од нив им е тешко да го исполнат барањето на часови, старешините треба да договорат да им се даде помош. За предлози, разгледај ги писмата од Заедницата (S-201). Исто така, види ги пасусите 12—20 од додатокот на Наша служба за Царството од септември 1986.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 март или колку што е можно побрзо после тоа. Кога тоа ќе биде сторено, дајте известување пред собранието откако ќе биде прочитан следнот сметководен извештај.
◼ Кога работат на недоделено подрачје, објавителите можат да ја нудат книгата Спознание или брошурата Бара. Може да се нуди која и да е друга публикација ако станарот веќе ги има овие две публикации. Сите треба да си носиме различни трактати за оние кои не се дома или за оние кои не сакаат да земат литература. Треба да се вложуваат напори да се следи интересот, особено онаму каде што недоделените подрачја ги обработуваат специјални пионери или им се достапни на блиските собранија.
◼ Нови публикации на располагање:
Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I — албански, српски, хрватски
Водството на Бог — нашиот пат до Рајот — српски
Индекс на публикации на Watch Tower 1986—1990 — хрватски
Ти можеш да бидеш Божји пријател! — албански, македонски, српски, хрватски