Повторување во Теократската школа за служба
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за служба од 1 јануари до 23 април 2001. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референците кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референца за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Иако никогаш не треба да дозволиме чувството само по себе да нѐ заслепи за големото злодело, можеме да го имитираме примерот на Јосиф со тоа што милостиво ќе му простиме на некој кој ни згрешил, но се кае (Битие 42:21; 45:4, 5) [w 1.1.99 стр. 31, пас. 2, 3].
2. Освен списокот на родословие, 1. Летописи содржи само повторување на материјалот што се наоѓа во Самуеловите книги и во книгите Цареви [si стр. 74, пас. 1].
3. Библијата зборува само за еден ‚антихрист‘, кој ќе се појави во некое идно време [rs стр. 30].
4. Исус ја покажал својата понизност така што ја прифатил посебната задача да дојде на Земјата од небесното подрачје и да стане понизен човек, понизок од ангелите (Фил. 2:5—8; Евр. 2:7) [w 1.2.99 стр. 6, пас. 3].
5. Археологијата го потврдува нападот на Сисак врз Јуда и ограбувањето на „благото од Господовиот Дом и ризницата на царскиот дворец“ (2. Лет. 12:9) [Седмично читање на Библијата; види w-E 1.2.88 стр. 26, пас. 4].
6. Христијаните од првиот век не практикувале крштавање на доенчиња [rs стр. 195].
7. Човек треба да му служи на Бог без да мисли на наградата што претстои [w 15.4.99 стр. 16, пас. 1].
8. Кога ги спомнал Јеховините „добротворства“, како што е запишано во Псалм 103:2, Давид го имал на ум Јеховиното физичко творештво [w 15.5.99 стр. 21, пас. 5, 6].
9. Храмовите што ги изградиле Соломон, Зоровавел и Ирод, како и шаторот за обожавање што го изградил Мојсеј, предочуваат една иста работа [si стр. 87, пас. 16].
10. Родословијата што се наоѓаат во книгата 1. Летописи не биле од голема корист за раното христијанско собрание [si стр. 78, пас. 23].
Одговори на следниве прашања:
11. Зошто Јеховиниот суд силно почивал врз Ахавовиот дом? (1. Цар. 16:31; 2. Цар. 9:7, 26) [si стр. 74, пас. 34].
12. Како што е покажано во Матеј 24:45—51, што е карактеристично за оние кои стануваат отпадници? [rs стр. 269].
13. Каква отрезнувачка лекција за јаките страни можеме да научиме од случајот на јудејскиот цар Озиј? (2. Лет. 26:15—21) [Седмично читање на Библијата; види w 1.12.99 стр. 26, пас. 1, 2].
14. Наместо да воведе некој ритуал, каква силна поука ни дал Исус со тоа што им ги измил нозете на своите апостоли? (Јован 13:4, 5) [w 1.3.99 стр. 31, пас. 1].
15. Зошто извештајот од 1. Летописи 14:8—17 бил од интерес во времето на Исаија, и зошто треба да биде од интерес и за христијанскиот свет денес? (Иса. 28:21) [Седмично читање на Библијата; види w 1.6.91 стр. 21, пас. 2, 3].
16. Кои аспекти од обожавањето на Ваал го направиле привлечно за многу Израелци? [w 1.4.99 стр. 29, пас. 3—6].
17. Каква практична поука можеме да извлечеме од фактот што Езекија работел на тоа да ги заштити и зголеми резервите со вода на Ерусалим? (2. Лет. 32:3, 4) [Седмично читање на Библијата; види w 15.8.96 стр. 6, пас. 1, 2].
18. Како може примерот на Јосиј да биде охрабрување за младите денес да му служат на Бог и да застанат цврсто против лажното обожавање? (2. Лет. 34:3, 8, 33) [Седмично читање на Библијата; види w 1.12.90 стр. 5, пас. 3].
19. Дали биле неверни сите Евреи кои останале во Вавилон и која практична поука може да се научи од ова? (Езра 1:3—6) [Седмично читање на Библијата; види w 1.1.86 стр. 28, пас. 4; стр. 29, пас. 2].
20. Во извештајот од 2. Летописи 5:13, 14, каков показател постои дека Јехова ја слушал мелодичната фалба на неговиот народ и дека му била угодна? [Седмично читање на Библијата; види w 1.5.94 стр. 10, пас. 7].
Впиши го зборот или фразата што се потребни за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Оној што дава совет на некој сохристијанин мора да се погрижи она што ќе го каже да се темели на побожна ․․․․․․․․, а не на човечки ․․․․․․․․ (Кол. 2:8) [w 15.1.99 стр. 22, пас. 1].
22. Нема да биде можно да се заземе ․․․․․․․․ став за време на битката ․․․․․․․․ (Мат. 12:30; 2. Сол. 1:8) [rs стр. 42].
23. Како што трњето може да ги спречи садниците да созреат, така и неконтролираната ․․․․․․․․ и измамничката моќ на ․․․․․․․․ можат да нѐ спречат да напредуваме до духовна зрелост (Мат. 13:19, 22) [w 15.3.99 стр. 22, пас. 5].
24. За „оние кои се крштаваат со цел да бидат мртви“, како што навел Павле во 1. Коринќаните 15:29, тоа значи да бидат потопени во еден животен пат кој ќе води до ․․․․․․․․ како што била смртта на Христос, а потоа до ․․․․․․․․ во духовен живот, какво што добил тој [rs стр. 198].
25. За еден вистински христијанин да биде успешен онаму каде што затаил Соломон, мора да отстрани секаква ․․․․․․․․ и ․․․․․․․․ на срцето во своето обожавање и да се повини на ․․․․․․․․ зборови да го ‚љуби Јехова својот Бог со сето свое срце‘ (Мат. 22:37; 1. Лет. 28:9) [Седмично читање на Библијата; види w 1.10.86 стр. 16, пас. 17, 18].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Извештајот од 2. Цареви 17:5, 6 раскажува како (Теглат Феласар; Салманасар V; Есар Адон) го нападнал северното десетплеменско царство Израел и почнал тригодишна опсада на Самарија, која конечно паднала под власта на Асирците во (740; 607; 537) пр.н.е. [Седмично читање на Библијата; види w-E 15.2.88 стр. 27, пас. 1].
27. Раскажувајќи за настани кои се случиле во Ерусалим откако започнало изгнанството во Вавилон, 2. Цареви 25. поглавје индиректно укажува на (Даниел; Езекиел; Еремија) како на писател на оваа книга и покажува дека пишувањето било завршено некаде околу (580; 537; 455) пр.н.е. (2. Цар. 25:27) [Седмично читање на Библијата; види si стр. 64, пас. 3].
28. Како што покажува Излез 4:11, Јехова Бог ги ‚прави немите, глувите, дава вид и ослепува‘ во таа смисла што (е виновен за инвалидностите што ги имаат луѓето; одредува различни луѓе за предности во службата; дозволил кај луѓето да се појавуваат физички дефекти) [w 1.5.99 стр. 28, пас. 2].
29. Периодот од 70 години спомнат во 2. Летописи 36:17—23 завршил во (537; 607; 677) пр.н.е. [si стр. 84, пас. 35].
30. Единствените две директни осврнувања на роденденски прослави во Библијата (ги прикажуваат во поволно светло; ги прикажуваат во неповолно светло; не фрлаат никакво светло врз роденденските прослави) (Бит. 40:20—22; Мат. 14:6—10) [rs стр. 337].
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
Изл. 21:22, 23, (NW); Посл. 25:11; Рим. 12:2; 2. Пет. 3:15, 16; Откр. 16:13, 14
31. Потребен е свесен напор за да го промениме нашето размислување и да го исполниме нашиот ум со божествената вистина [w 1.4.99 стр. 22, пас. 2].
32. При давањето совет, важно е да се изберат вистинските зборови [w 15.1.99 стр. 23, пас. 1].
33. Јехова покажал дека едно лице ќе биде повикано на одговорност ако повреди неродено дете [rs стр. 25].
34. Влијанието на Сатана Ѓаволот ги турка нациите кон светска ситуација која ќе води до војна против Бог [rs стр. 42].
35. Извртувањето на Писмото за да одговара на нашите сопствени идеи може да води до трајна штета [rs стр. 50].