Дали во личната библиотека ти фалат некои Годишници?
Секој Годишник на Јеховините сведоци е ризница на читање во кое се ужива. Изградувачките извештаи за делото на проповедање на Царството од целиот свет ја зајакнуваат нашата доверба во Јеховиното водство, заштита и благослови. Имаме резерва од англиски изданија на Годишник за 1986, 1987 и 1990 до 2000 година. Тие ја содржат возбудливата историја на делото за Царството во Бенин, Боливија, Бразил, Британија, Венецуела, Гваделупе, Германија, Грција, Данска, Јапонија, Кенија, Кипар, Колумбија, Мадагаскар, Малави, Малезија, Мартиник, Мексико, Мозамбик, Нигерија, Парагвај, Полска, Порторико, Република Чешка, Соломонови Острови, Суринам, Тајланд, Тринидад, Унгарија, Уругвај, Финска, Хаваи, Хаити, Холандија, Хондурас, Швајцарија и Шведска. Провери и види дали некое од овие изданија на Годишник ти фали во личната библиотека. И надгледникот на Теократската школа за служба треба да провери во библиотеката во Салата на Царството. Објавителите или собранијата што сакаат да ги добијат овие Годишници можат веднаш да ги нарачаат преку собранискиот слуга за литература.