ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/02 стр. 7
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 2002
Нашата служба за Царството 2002
km 1/02 стр. 7

Рубрика прашања

◼ Кој треба да добие примерок од Наша служба за Царството?

Наша служба за Царството е наменета да им помогне и да ги охрабри оние што учествуваат во службата на теренот. Според тоа, не е за општа дистрибуција. Треба да добијат примерок сите крстени и некрстени објавители. И на оние што редовно присуствуваат на Состанокот за служба и напредуваат кон учество во службата на теренот треба да им се даде примерок. Не заборавајте да зачувате еден примерок за библиотеката во Салата на Царството. На исклучените не треба да им се даде Наша служба за Царството.

Некои собранија увиделе дека е корисно да направат список на сите што се квалификуваат и потоа да го поделат списокот според групите за Собраниска студија на книга. Овој список може да го користат водителите на студијата за да биде полесна дистрибуцијата, можеби дури и да го отчукаат на машина или читко да го испишат името на секого на неговиот личен примерок. Секој што добива примерок од Наша служба за Царството треба да се грижи за него и да го користи во подготовката за Состанокот за служба и за службата на теренот. На мнозина им користи да си имаат архива од Наша служба за Царството во својата лична теократска библиотека за да ја користат во иднина.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели