Известувања
◼ Понуда на литература за март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложуваат посебни напори да се започнат домашни библиски студии. Април и мај: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Објавителите треба да ги информираат станарите дека можат да приложат за светското дело, доколку сакаат. Каде што е покажан интерес, нуди ја брошурата Бара, вложувајќи посебни напори да започнеш библиски студии. Јуни: Што бара Бог од нас? или Спознание кое води до вечен живот. Ако станарите ги имаат овие публикации, понуди соодветна брошура што собранието ја има на располагање.
◼ Објавителите што сакаат да служат како помошни пионери во април треба сега да направат планови и рано да ја предадат својата молба. Тоа ќе им помогне на старешините да ги направат потребните подготовки за служба на теренот и да имаат на располагање доволно списанија и друга литература. Секој месец во собранието треба да бидат објавени имињата на сите на кои им е одобрено да бидат помошни пионери.
◼ Меморијалот ќе се одржи в четврток, 28 март 2002. Ако вашето собрание обично има состаноци во четврток, треба да се префрлат во друг ден од седмицата ако е слободна Салата на Царството. Ако тоа не е можно и ако станува збор за вашиот Состанок за служба, деловите што се особено применливи за вашето собрание можат да се внесат во друг Состанок за служба.
◼ Канцеларијата на подружницата не исполнува нарачки за литература на поединечни објавители. Претседавачкиот надгледник треба да направи подготовка секој месец, пред да се испрати собраниската месечна нарачка на литература до подружницата, да се даде известување така што сите кои се заинтересирани да набават литература за лична употреба ќе можат да го известат братот кој работи на литература. Ве молиме, имајте на ум кои публикации спаѓаат во специјална нарачка.
◼ Нови публикации на располагање:
Задоволувачки живот — како да се постигне (албански, македонски, српски, хрватски)
Дали имаш бесмртен дух? (Трактат бр. 25) (албански, македонски, српски, хрватски)