Повторување во Теократската школа за служба
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за служба од 7 јануари до 22 април 2002. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите што следат после секое прашање се наменети за лично истражување. По секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Во Проповедник 2:2 (NW), Соломон сака да каже дека смеењето и радувањето треба да се избегнуваат [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.87 стр. 17, пас. 1].
2. Далеку од тоа да биде книга на песимизам, Проповедник е украсена со блескави скапоцени камења на божествена мудрост и покажува дека кобни активности се оние во кои се игнорира Бог [si стр. 114, пас. 15].
3. Во Исаија 1:7, пророкот се осврнува на опустошувањето на Јуда за време на владеењето на Ахаз [Седмично читање на Библијата; види ip-1 стр. 17, пас. 16].
4. ‚Стоењето пред престолот и пред Јагнето‘, како што е спомнато во Откровение 7:9, укажува на небесна локација [rs стр. 239, пас. 5].
5. Великодушното ‚укажување чест на Јехова‘ со она што го имаме — нашето време, нашите таленти, нашата сила и нашите материјални поседи — носи богати духовни благослови од Јехова (Посл. 3:9, 10) [w 15.1.00 стр. 25, пас. 1].
6. Современата ‚чудна постапка и необично дело‘ проречено во Исаија 28:21 (NW) се однесува на уништувањето на нациите во Армагедон [Седмично читање на Библијата; види ip-1 стр. 295, пас. 16; стр. 301, пас. 28].
7. Како што покажува Матеј 24:38, 39, јадењето и пиењето, заедно со други човечки активности, биле причина луѓето од времето на Ное да бидат збришани во Потопот [w 15.2.00 стр. 6, пас. 6].
8. Јехова секогаш ги исполнува барањата на понизните слуги што му служат несебично [w 1.3.00 стр. 4, пас. 3].
9. „Народите“ што се спомнуваат во Исаија 60:3 се поединечни политички нации што биле привлечени кон светлината што ја дава Бог [Седмично читање на Библијата; види w 1.1.00 стр. 12, пас. 4].
10. Јехова го ‚посветил‘ Еремија пред да се роди и ја предодредил вечната судбина на Еремија (Ерем. 1:5) [Седмично читање на Библијата; види w 1.8.88 стр. 8, пас. 2].
Одговори на следниве прашања:
11. Што се мисли со ‚фрлање на лебот‘ спомнато во Проповедник 11:1? [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.87 стр. 19, пас. 3].
12. Во Исаија 6:8, кого го вклучува Јехова кога вели „нашата“? [Седмично читање на Библијата; види ip-1 стр. 93, 94, пас. 13].
13. Во исполнување на Исаија 9:2, како светнала „голема светлина“ во Галилеја? [Седмично читање на Библијата; види ip-1 стр. 126, пас. 17].
14. Каква паралела со денешно време може да се направи во врска со падот на Вавилон во 539 пр.н.е. и неговото подоцнежно потполно уништување? (Иса. 13:19, 20; 14:22, 23) [Седмично читање на Библијата; види ip-1 стр. 188, пас. 30, 31].
15. Како дејствувал „верниот и разборит роб“ како ‚стражарот‘ опишан во Исаија 21:6? (Мат. 24:45) [Седмично читање на Библијата; види ip-1 стр. 221, 222, пас. 11].
16. Кој мудар совет за младите што бараат брачен партнер се наоѓа во Пословици 31:10? [w 1.2.00 стр. 31, пас. 1].
17. Во Исаија 43:9, каков предизвик им е упатен на боговите на нациите? [Седмично читање на Библијата; види w 1.6.88 стр. 13, пас. 3].
18. На кој начин нозете на оние што ја објавуваат добрата вест за Божјето царство се „прекрасни“? (Иса. 52:7) [Седмично читање на Библијата; види w 15.4.97 стр. 27, пас. 6].
19. Што е потребно да правиме за да не дозволиме нашето срце да нѐ измами? (Ерем. 17:9) [w 1.3.00 стр. 30, пас. 4].
20. Што мораат да прават оние што ‚одат по Јеховиниот пат‘? (Ерем. 7:23, NW) [Седмично читање на Библијата; види w 15.8.99 стр. 29, пас. 6].
Впиши го зборот или фразата што се потребни за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. „Срцето на мудрецот е на десната страна“ во таа смисла што „десната страна“ честопати означува ․․․․․․․․; затоа, ова покажува дека ․․․․․․․․ го мотивира да следи добар, поволен правец (Проп. 10:2; Мат. 25:33) [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.87 стр. 18, пас. 9].
22. Некои корисни поуки што се учат од Песна над песни се ․․․․․․․․, ․․․․․․․․ и ․․․․․․․․ кон побожните начела [si стр. 117, пас. 16].
23. Ограбувачот на градовите на Јуда, опишан во Исаија 33:1, е ․․․․․․․․, која самата на крајот ќе биде поразена во 632 пр.н.е., оставајќи зад себе плен за жителите на ․․․․․․․․, кои ‚ќе го соберат како што се собираат гасениците‘ (Иса. 33:4) [Седмично читање на Библијата; види ip-1 стр. 343, пас. 4; стр. 345, пас. 6].
24. Споредбата меѓу Исаија 54:1 и Галатите 4:26, 27 открива дека ‚неротката‘ го претставува „․․․․․․․․“; а „омажената“ е ․․․․․․․․ [Седмично читање на Библијата; види w 1.8.95 стр. 11, пас. 8].
25. Кога ќе наидеме на исмејување и одбивање во нашата јавна служба, треба да запомниме дека таквото противење всушност не е насочено против ․․․․․․․․, туку против ․․․․․․․․, Изворот на нашата порака (2. Кор. 4:1, 7) [w 15.1.00 стр. 21, пас. 2].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Кога пишува за визијата што ја добил за Исусовата небесна слава, Павле се осврнува на себеси како на некое „недоносче“, што значи дека (тој бил нова духовно родена личност; добил рано наименување како апостол на нациите; тоа било како да му била дадена чест предвреме да се роди, т.е. да воскресне за духовен живот) (1. Кор. 9:1; 15:8) [w 15.1.00 стр. 29, пас. 6].
27. Титулата „Вечен Татко“ се однесува на моќта и авторитетот на месијанскиот цар да им даде на луѓето (духовна виталност; бесмртен живот на небото; изглед за вечен живот на Земјата) (Иса. 9:6; Јов. 11:25, 26) [ Седмично читање на Библијата; види ip-1 стр. 131, пас. 26].
28. Во современото исполнување на Исаија 66:7, ‚машкото‘ дете што било родено го претставува (Исус Христос; Месијанското Царство; една нова духовна нација во 1919) [Седмично читање на Библијата; види w 1.1.95 стр. 11, пас. 3].
29. Внимателното читање на Матеј 10:28 ни помага да видиме дека огнената Геена (е место на свесни маки; претставува вечно уништување; означува отуѓување од Бог) [rs стр. 280, пас. 1].
30. Во денешното исполнување, ‚народот кој не го слуша гласот на Господа‘, за кој се зборува во Еремија 7:28, се однесува на (Големиот Вавилон; христијанскиот свет; седмата светска сила) [Седмично читање на Библијата; види w 1.8.88 стр. 14, пас. 10].
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
Посл. 24:16; Проп. 3:11; Иса. 40:8; Рим. 10:15; 1. Петр. 4:6
31. Во свое време ќе се открие исправното место во кое секое Божје дело се вклопува во неговата намера [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.87 стр. 17, пас. 4].
32. Проповедањето на добрата вест на оние што се духовно мртви им дава прилика да се покаат [rs стр. 236, пас. 1].
33. Иако е неизбежно во животот да има неуспеси, побожните луѓе не се откажуваат да го прават она што е добро [w 1.2.00 стр. 5, пас. 1].
34. Божјата реч, односно изнесена намера, не може да се поништи ниту, пак, да се спречи нејзиното исполнување [Седмично читање на Библијата; види ip-1 стр. 401, 402, пас. 10].
35. Исусовите апостоли добро го употребувале пророштвото на Исаија, применувајќи го на службата [si стр. 123, пас. 37].