ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/02 стр. 5
  • Задоволи ги своите духовни потреби

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Задоволи ги своите духовни потреби
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Сличен материјал
  • ,Слушај и прими повеќе поука‘
    Нашата служба за Царството 2001
  • Слушај и учи
    Нашата служба за Царството 2013
  • Обласни конгреси за 1999 — „Божјата пророчка реч“
    Нашата служба за Царството 1999
  • Обласен конгрес за 1996: „Гласници на божествен мир“
    Нашата служба за Царството 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 2002
km 5/02 стр. 5

Задоволи ги своите духовни потреби

1 Нашиот претстоен Обласен конгрес „Ревносни објавители на Царството“ ни дава прекрасна прилика да ги задоволиме нашите духовни потреби. Како што е случај со здравиот физички оброк, програмата ветува дека духовно ќе нѐ нахрани „со зборовите на верата“ (1. Тим. 4:6). Ќе ни овозможи да му се приближиме на Јехова. Исто така, можеме да очекуваме да добиеме совети и охрабрување што ќе ни помогнат да се справиме со испитите во нашиот живот. Јехова нѐ уверува: „Ќе те учам, ќе ти го покажам патот по кој треба да одиш, ќе те советувам, Моето око ќе бдее над тебе“ (Псал. 32:8). Колку само сме благословени што го имаме неговото љубезно водство во нашиот живот! Разгледај некои практични чекори што можеме да ги преземеме за да извлечеме најголема корист од конгресната програма.

2 Треба да го подготвиме своето срце: Секој од нас има одговорност да го чува своето фигуративно срце (Посл. 4:23). За тоа е потребно да покажуваме самодисциплина и да бидеме чесни со себеси. Конгресот е прилика да медитираме за нашиот однос со Јехова, прилика ‚да се загледаме во совршениот закон кој ѝ припаѓа на слободата‘. За да го подготвиме срцето ‚да го прифати всадувањето на речта‘, треба да го молиме Јехова да нѐ испита, да открие во нас секаков „гибелен пат“ што треба да се исправи и да нѐ води „по вечниот пат“ (Јак. 1:21, 25; Псал. 139:23, 24).

3 Слушај и медитирај: Исус ја пофалил Марија што грижливо внимавала на неговите зборови, велејќи: „Што се однесува до Марија, таа го избра добриот дел, и тој нема да ѝ се одземе“ (Лука 10:39, 42). Ако го имаме истиот умствен став, нема да дозволиме безначајни работи да ни го одвлекуваат вниманието. Ќе се погрижиме да бидеме на своето место и да внимаваме за време на целата програма. Ќе избегнуваме да разговараме или непотребно да се шетаме и ќе внимаваме да не им го одземаме вниманието на другите со нашите мобилни телефони, пејџери, фотоапарати и видеокамери.

4 Кога ги слушаме предавањата, добро ќе биде да правиме кратки забелешки што ќе ни помогнат да анализираме како се разработува темата. Треба да го поврземе она што го слушаме со она што веќе го знаеме. Тоа ќе ни помогне да го сфатиме и да го запомниме материјалот. Кога ги разгледуваме нашите белешки, треба да го правиме тоа со цел да го примениме материјалот. Секој од нас може да се запраша: ‚Како влијае ова врз мојот однос со Јехова? Какви промени треба да направам во мојот живот? Како можам да ги применам овие информации во моите постапки со другите? Како можам да ги користам во службата?‘ Да дискутираме со другите за мислите што особено ни се допаѓаат. Тоа ќе ни помогне да ги задржиме Јеховините зборови „среде своето срце“ (Посл. 4:20, 21).

5 Да го применуваме она што го учиме: Откако присуствувал на еден обласен конгрес, еден делегат рекол: „Програмата беше од многу лична природа и мотивираше да ја преиспиташ состојбата на своето срце и на срцето на твоето семејство и да дадеш љубезна библиска помош кога е потребно. Ме направи посвесен за мојата обврска повеќе да помагам во собранието“. Веројатно многу од нас го мислат истото. Но, не е доволно само да си заминеме чувствувајќи се изградени и освежени. Исус рекол: „Ако го знаете тоа, среќни сте ако го извршувате  “ (Јован 13:17). Мораме трудољубиво да ги практикуваме мислите што се однесуваат на нас лично (Фил. 4:9). Тоа е клучот за потполно да ги задоволиме нашите духовни потреби.

[Рамка на страница 5]

Медитирај за она што го слушаш:

■ Како влијае врз мојот однос со Јехова?

■ Како влијае врз моите постапки со другите?

■ Како да го применам во животот и во службата?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели