Известувања
◼ Понуда на литература за јануари: Која и да било книга од 192 страници објавена пред 1988. Собранијата што немаат постари книги можат да ја нудат Потрагата на човештвото по Бог. Февруари: Ќе се нуди новата книга Приближи му се на Јехова. Подружниците што сѐ уште ја немаат оваа публикација, како алтернатива можат да ја користат книгата Создавање. Март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложи посебен напор да се започнат домашни библиски студии. Април и мај: Ќе се нудат поединечни примероци на Стражарска кула и Разбудете се! Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересирани лица, концентрирај се да ја понудиш Обожавај го единствениот вистински Бог. Треба да се вложат сите напори да се започне домашна библиска студија, особено ако поединецот веќе ги проучувал книгата Спознание и брошурата Бара.
◼ Почнувајќи од февруари, а не подоцна од 2 март, новото јавно предавање на покраинските надгледници ќе гласи „Избавување од еден свет на темнина“.
◼ Собранијата треба да направат соодветни подготовки за да го прослават Меморијалот годинава, во среда 16 април, по зајдисонце. Иако предавањето може да започне порано, подавањето на симболите не треба да започне пред зајдисонце. Проверете локално за да одредите кога настапува зајдисонцето на вашето подрачје. Онаму каде што обично неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, предлагаме да има барем 40 минути меѓу програмите за сите да можат да извлечат целосна корист од таа прилика. Треба да се размисли и за сообраќајот и паркирањето, вклучувајќи и оставање и земање патници. Старешинското тело треба да одлучи кои подготовки ќе бидат најдобри локално.
◼ Почнувајќи од ова издание, во Наша служба за Царството повеќе нема да има список со нови публикации што се на располагање. „Известувањето до сите собранија“ со овие информации и понатаму ќе се испраќа до сите собранија секој месец. Како потсетување, штом ќе се добие „Известување до сите собранија“, на наредниот Состанок за служба треба да се даде известување во врска со публикациите што можат да бидат од интерес за твоето собрание. Тогаш известувањето може да биде ставено на огласната табла. Потоа, слугата за литература треба да го зачува во својата архива.