ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/03 стр. 10
  • Како нѐ ослободува вистината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како нѐ ослободува вистината
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • Слободен, но одговорен народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Не промашувај ја целта на слободата дадена од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Служи му на Јехова, Богот на слободата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Добредојдовте на Обласните конгреси ”Љубители на слободата!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 3/03 стр. 10

Како нѐ ослободува вистината

1 Во една прилика, Исус им рекол на Евреите што верувале во него: „Ќе ја спознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32). Тој зборувал за слобода што ги надминува чисто граѓанските права, слобода што е достапна за сите — богати или сиромашни, образовани или необразовани. Исус поучувал за вистина што ќе донесе слобода од ропството од гревот и смртта. Како што Исус објаснил, „секој кој прави грев, роб му е на гревот“ (Јован 8:34). Колку само копнееме по времето кога сите послушни луѓе ‚ќе бидат ослободени од ропството на распадливоста и ќе ја имаат славната слобода на Божјите деца‘ (Рим. 8:21).

2 Вистината за Исус и неговата улога во извршувањето на Божјата намера донесува таква слобода. Таа вклучува спознание за откупната жртва што тој ја дал во наша корист (Рим. 3:24). Дури и сега, прифаќањето и послушното подложување на библиската вистина ни овозможува да уживаме извесна мера слобода од страв, очај и различни штетни практики.

3 Слобода од страв и очај: Не треба да очајуваме поради условите во светот зашто ние сфаќаме зошто постои злобата и знаеме дека наскоро ќе биде збришана од земјата (Псал. 37:10, 11; 2. Тим. 3:1; Откр. 12:12). Освен тоа, вистината нѐ ослободува од лажните учења за состојбата на мртвите. Знаеме дека мртвите не можат да ни наштетат, дека не трпат вечно мачење и дека Бог не ги зема луѓето во смрт само за да ги има со себе во духовното подрачје (Проп. 9:5; Дела 24:15).

4 Оваа вистина поткрепила еден татко и една мајка кога нивното дете загинало во несреќа. „Во нашиот живот има празнина што не може да се пополни сѐ додека повторно не го видиме својот син преку воскресението“, рекла мајката. „Но знаеме дека нашата болка е само привремена.“

5 Слобода од штетни практики: Библиската вистина може да ги преобрати размислувањето и личноста на еден човек, од што произлегува слобода од проблемите што можат да се избегнат (Ефеш. 4:20—24). Практикувањето чесност и трудољубивост може да помогне да се ублажи сиромаштијата (Посл. 13:4). Покажувањето самопожртвувана љубов ги подобрува односите со другите (Кол. 3:13, 14). Почитувањето на христијанското поглаварство ги намалува семејните тешкотии (Ефеш. 5:33—6:1). Избегнувањето пијанство, сексуален неморал, тутун и зависност од дрога придонесува за добро здравје (Посл. 7:21—23; 23:29, 30; 2. Кор. 7:1).

6 Еден млад човек не можел да ја прекине деветгодишната зависност од дрога. Еден ден сретнал една објавителка што сведочела на улица. Прифатил литература и биле направени подготовки да биде посетен дома. Била започната библиска студија. Два месеца подоцна човекот сосема престанал да користи дрога и по осум месеци проучување се крстил. Кога виделе дека се ослободил од зависноста, брат му и снаа му почнале да ја проучуваат Библијата.

7 Помогни им на другите да стекнат слобода: На оние што цел живот биле робови на лажните учења, можеби ќе им биде тешко да ја сфатат слободата што ја нуди Божјата реч. Да се достигнат нивните срца може да бара посебна марливост и добра подготовка од страна на учителот (2. Тим. 4:2, 5). Сега не е време да забавиме во нашето дело да им ‚проповедаме слобода на заробениците‘ (Иса. 61:1). Христијанската слобода е скапоцена. Да се стекне таа слобода значи вечен живот (1. Тим. 4:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели