Известувања
◼ Понуда на литература за мај: Ќе се нудат поединечни примероци на Стражарска кула и Разбудете се! Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересираните лица, кои можеби ги вклучуваат оние што присуствувале на Меморијалот или на некои други теократски настани но не се активно поврзани со собранието, сконцентрирај се на тоа да ја понудиш книгата Обожавај го Бог. Треба да се вложи секаков напор да се започне домашна библиска студија, особено со поединци што веќе ги проучувале книгата Спознание и брошурата Бара. Јуни: Нуди ја книгата Спознание или брошурата Бара. Кога станарите веќе ги имаат овие публикации, користи некоја друга соодветна брошура од која собранието има резерва. Јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Се грижи ли Бог навистина за нас?, Радувај се на животот засекогаш на Земјата!, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави рај, Што ни се случува кога ќе умреме?, Која е смислата на животот? — Како да се пронајде? и Кога ќе умре некој што го сакаш. Во одредени делови од светот можеби ќе бидат пригодни следниве брошури: Книга за сите луѓе, Задоволувачки живот — како да се постигне, Духовите на мртвите — можат ли да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат? и Ќе постои ли некогаш свет без војни?
◼ Претседавачкиот надгледник или некој што е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 јуни или колку што е можно побрзо потоа. Кога тоа ќе биде завршено, известете го собранието откако ќе се прочита следниот сметководен извештај.