Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 30 јуни 2003. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 5 мај до 30 јуни 2003.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Зошто е важна модулацијата кога се изнесува говор, и како може да се постигне таа? [be стр. 111, рамка; стр. 112, рамка].
2. Иако еден говорник верува во она што го кажува и го љуби Јехова, зошто може да му недостига одушевеност? [be стр. 115, пас. 3, 4; стр. 116, пас. 1].
3. Што ќе му помогне на еден говорник да покажува топлина и чувство во еден говор, и зошто е тоа важно? [be стр. 119, пас. 1—4].
4. Што одредува дали одушевеноста, топлината и другите емоции пренесени во еден говор се соодветни? [be стр. 120, пас. 2—5].
5. Точно или неточно: Гестовите и изразите на лицето се корисни само кога слушателите гледаат во тебе. Објасни [be стр. 121, пас. 3].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Што му помогнало на Јосиј да го избере исправниот правец и покрај ужасното детство? (2. Лет. 34:1, 2) [w 15.4.01 стр. 27, пас. 1—6; стр. 28, пас. 4].
7. Кое е значењето на Пословици 9:7, 8а, и како може тоа да се примени на службата на теренот? [w 15.5.01 стр. 29, пас. 4, 5].
8. Што мислел Јехова кога им рекол на Израелците ‚не заборавај‘, и како можеме да избегнеме да забораваме? (Втор. 4:9; 8:11) [be стр. 20, пас. 1—3].
9. Како искрените изрази на Давид во Псалм 32:1, 5 и во Псалм 51:10, 15 покажуваат дека едно лице не треба да се чувствува безвредно откако извршило некој сериозен грев, но искрено се покајало? [w 1.6.01 стр. 30, пас. 1—3].
10. Што можеме да научиме во врска со грижата за сиромашните од Павловите упатства изнесени во 1. Тимотеј 5:3—16? [w 15.6.01 стр. 11, пас. 1].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. На што укажал Исус кога го употребил изразот ‚повторно роден‘, како што е запишано во Јован 3:3? [w 1.7.95 стр. 9, 10, пас. 4, 5].
12. Како го употребувал Исус своето образование, и која корисна лекција можеме да ја научиме од ова? (Јован 7:15—18) [w 1.2.96 стр. 9, 10, пас. 4—7].
13. Зошто Јован 7:53—8:11 не е вклучен во главниот текст на Преводот Нов свет?
14. Како требало Исус ‚да дојде на ист начин‘ како што се вознел на небото? (Дела 1:11) [w 1.10.90 стр. 7, пас. 5].
15. Зошто ‚никој од останатите немал храброст да им се приклучи [на учениците]‘, како што е кажано во Дела 5:13?