Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 27 октомври 2003. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 1 септември до 27 октомври 2003.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Што се мисли со советот од 1. Тимотеј 2:9 да се облекуваме со „уредна облека“, и како може тоа да влијае врз нашите презентации од подиумот и во службата на теренот? [be стр. 132, пас. 4, 5].
2. Како треба да влијаат врз нашиот личен изглед начелата изнесени во 1. Јованово 2:15—17; Ефешаните 2:2; Римјаните 15:3? [be стр. 133, пас. 2—4].
3. Зошто е важна сталоженоста, и како можеме да стекнеме сталоженост кога зборуваме од подиумот или кога учествуваме во службата? [be стр. 135, рамка; стр. 136, пас. 5, рамка].
4. Како „верниот и вистинскиот сведок“, каков пример ни оставил Исус за да ја користиме Библијата во службата? (Откр. 3:14) [be стр. 143, пас. 2, 3].
5. Како можеме да станеме повешти во користењето на Библијата? (Тит 1:9) [be стр. 144, пас. 1, рамка].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Што вклучува проучувањето, и кои се некои благослови од редовното проучување на Божјата реч? [be стр. 27, пас. 3; стр. 32, пас 4].
7. Во склад со Јаков 1:5, 6, што е неопходно кога се соочуваме со некоја важна одлука? [w 1.9.01 стр. 28, пас. 4].
8. Што се клучни датуми, и зошто се од голема важност? [si стр. 282, пас. 27].
9. На кој начин оној „кој шири клевета“ е безумен? (Посл. 10:18) [w 15.9.01 стр. 25, пас. 3].
10. На кој начин ќе можат луѓето во новиот свет попотполно да го сфатат Јеховиното гледиште за времето? [si стр. 283, пас. 32].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Точно или неточно: Во 1. Коринќаните 2:9 апостол Павле укажува на работите што Јехова ги подготвил како наследство за својот верен народ. Објасни [ip-2 стр. 366, рамка].
12. На кои искушенија се однесуваат зборовите запишани во 1. Коринќаните 10:13, и како Јехова ‚дава излез‘? [w 1.10.91 стр. 10, 11, пас. 11—14].
13. Како влијае врз христијаните Исусовиот пример на дарежливост? (2. Кор. 8:9) [w 15.1.92 стр. 16, пас. 10].
14. На кој начин Законот бил „воспитувач до Христос“? (Гал. 3:24) [w 1.6.02 стр. 15, пас. 11].
15. Кои се „елементарните работи на светот“ од кои мораме да се пазиме за да не заталкаме? (Кол. 2:8).