Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 26 април 2004. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 1 март до 26 април 2004.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Кога изнесуваме говор, зошто е подобро да зборуваме од нацрт наместо да читаме од манускрипт? [be стр. 166, пас. 3].
2. Кога се подготвуваме за служба на теренот, како можеме да си организираме нацрт во мислите? [be стр. 167 пас. 3].
3. Користејќи ги Дела 13:16—41 и Дела 17:2, 3, објасни како Павле ,логички докажал дека Исус е Христос‘ (Дела 9:22) [be стр. 170, пас. 2].
4. Кои се некои користи од спонтаното изнесување? [be стр. 175, пас. 2—5].
5. Кои потенцијални стапици доаѓаат со спонтаното изнесување, и што може да ни помогне да ги избегнеме? [be стр. 175, пас. 6 до стр. 176, пас. 3].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Според извештајот од Битие 32:24—32, што направил 97-годишниот Јаков за да добие благослов од Јехова, и што учиме од тоа? [w 1.8.02 стр. 29—31].
7. Што е „способност за размислување“, и како може таа да спречи да бидеме исфрлени од рамнотежа и да бидеме непотребно повредени? (Посл. 1:4, NW) [w 15.8.02 стр. 21, 22].
8. Како можат јавните говорници да ги засноваат своите говори врз Писмото? [be стр. 52, пас. 6 до стр. 53, пас. 5].
9. Кога еден говорен нацрт ќе се претвори во содржајно објаснување на Писмото, кои одлуки треба да ги донесе говорникот? [be стр. 54, пас. 2—4].
10. Зошто во пустелијата Јехова ги хранел Израелците со мана од седмица во седмица, од месец во месец, и што можеме да научиме од ова? (Втор. 8:16) [w 1.9.02 стр. 30, пас. 3, 4].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Како што покажува Битие 37:12—17, која паралела ја наоѓаме меѓу начинот на постапување на Јосиф и на Исус? [w 1.9.87 стр. 9, пас. 12].
12. Како што може да се види од извештајот од Битие 42:25—35, како покажал Јосиф сочувство слично на сочувството што го покажува Исус? [w 1.9.87 стр. 13, пас. 10; стр. 15, пас. 17].
13. Како денешните подготовки на класата на робот одговараат на делењето на житото во времето на Јосиф? (Бит. 47:21—25).
14. Кога рекол „Јас сум, кој сум“, што открил Јехова во врска со своето име? (Изл. 3:14, 15).
15. Кои две неразделни опасности од жалењето се забележани во Излез 16:2, 3? [w 15.3.93 стр. 20, 21].