Известувања
◼ Понуда на литература за мај: Ќе се нудат поединечни примероци и на Стражарска кула и на Разбудете се! Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересираните лица, во кои можеби се вклучени и оние што присуствувале на Меморијалот и/или на некои други теократски настани но кои не се активно поврзани со организацијата, сосредоточи се на тоа да ја дадеш книгата Обожавај го Бог. Треба да се вложи сиот потребен напор за да се започне домашна библиска студија, особено ако некои поединци веќе ги проучувале книгата Спознание и брошурата Бара. Јуни: Учи од Големиот Учител. Ако некои поединци речат дека немаат деца, понуди ја брошурата Бара. Кога ја користиш брошурата, сосредоточи се на тоа да започнеш домашна библиска студија. Јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Радувај се засекогаш на животот на земјата!, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш и Што ни се случува кога ќе умреме?
◼ Претседавачкиот надгледник или некој што е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 јуни или колку што е можно побрзо потоа. Кога тоа ќе биде завршено, известете го собранието откако ќе се прочита следниот сметководен извештај.