ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/04 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2004
Нашата служба за Царството 2004
km 9/04 стр. 3

Известувања

◼ Септември: Постои ли Творец кој се грижи за тебе? Како алтернативна понуда, можеш да ја нудиш Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Октомври: Специјална кампања за да се презентира новата брошура, но ќе се нудат и поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! во текот на целиот месец. Таму каде што ќе биде покажан интерес, нека се понуди брошурата Бара, и нека се следи интересот со цел да се започнат домашни библиски студии. Ноември: Ќе се нуди книгата Учи од големиот учител. Ако лицето рече дека нема деца, нека се понуди брошурата Бара. Ќе се сосредоточиме на тоа да ја користиме брошурата за да започнеме домашни библиски студии. Декември: Ќе се нуди книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел.

◼ На еден Состанок за служба во декември ќе се дискутира за видеокасетата Без крв — медицината се справува со предизвикот. Сега е достапна и на DVD како дел од Лекување без трансфузија — документарна програма. Ова DVD ги содржи следниве делови: Методи на лекување без трансфузија — едноставни, безбедни, ефикасни; Методи на лекување без трансфузија — да се задоволат потребите и правата на пациентите, Без крв — медицината се справува со предизвикот. Достапно е на англиски, германски, италијански, јапонски, португалски (што се зборува во Бразил), руски, француски и шпански. Видеокасетата Без крв е достапна на англиски, бугарски, грчки, италијански, јапонски, кинески (кантонски), корејски, полски, руски, француски, холандски и шпански. Ако е потребно, треба да се нарачаат примероци од ова DVD преку собрание што е можно побрзо.

◼ Специјалното предавање во времето на Меморијалот за 2005 ќе се одржи в недела, на 10 април. Темата на говорот ќе биде објавена подоцна. Оние собранија што тој викенд имаат посета од патувачкиот надгледник или покраински собир, ќе го имаат специјалното предавање следната седмица. Ниедно собрание не треба да го има специјалното предавање пред 10 април 2005.

◼ Се потсетуваат старешините да ги проследат упатствата дадени во Стражарска кула од 15 април 1991, страници 21—23, во врска со сите исклучени или одвоени лица кои треба да бидат посетени.

◼ Собранијата треба да ги врачат најновите изданија на Стражарска кула и Разбудете се! веднаш штом ќе ги добијат. Тоа ќе им овозможи на објавителите да ги имаат своите лични примероци и да се запознаат со нивната содржина пред да ги нудат списанијата во службата на теренот.

◼ Бидејќи октомври ќе има пет цели викенди, тоа ќе биде одличен месец за помошна пионерска служба.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели