Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 25 април 2005. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 7 март до 25 април 2005.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Кога подготвуваме говор, на кој начин добро го користиме доделениот материјал, и зошто е тоа важно? [be стр. 234 пас. 1-3, рамките].
2. Колку од доделениот материјал треба да опфатиме во говорот? [be стр. 234 пас. 4 до стр. 235 пас. 1].
3. Како можеме да користиме прашања за да охрабриме на разговор во службата на теренот? (Дела 8:30) [be стр. 236 пас. 2-5].
4. Како можеме да користиме прашања за да им помогнеме на лицата кои ја проучуваат Библијата да ја користат својата „сила на разумот“? (Рим. 12:1) [be стр. 238 пас. 1].
5. Каков е ефектот од прашањата што се поставени во Римјаните 8:31, 32 и Исаија 14:27? [be стр. 239 пас. 1, 2].
ЗАДАЧА БР. 1
6. На кој начин ‚го поставуваме Исус како темел‘ во нашето дело на правење ученици? (1. Кор. 3:11) [be стр. 278 пас. 1, 2].
7. Бидејќи Јехова му го дал целосниот владејачки авторитет на неговиот Син во 1914, која е нашата намера кога се молиме: „Нека дојде царството твое“? (Мат. 6:9, 10) [be стр. 279 пас. 4].
8. Зошто сите христијани треба да се заинтересирани да можат подобро да читаат и како Исус дал пример во врска со тоа? [w 15.3.03, стр. 10 пас. 5; стр. 12 пас. 2].
9. Како можат примерите на Јосија и на Исус да им помогнат на младите духовно да напредуваат? [w 1.4.03 стр. 8 пас. 3, 4; стр. 10 пас. 3].
10. Зошто можеме да ја положиме својата доверба во Бог? (Посл. 3:5, 6) [w 1.11.03 стр. 4 пас. 6, 7].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Зошто Ана се молела Јехова да му „даде сила на својот цар“ кога немало човечки цар над Израел? (1. Сам. 2:10).
12. Што можеме да научиме од фактот дека Израел бил поразен и покрај тоа што ковчегот на сојузот бил меѓу нив? (1. Сам. 4:3, 4, 10).
13. Зошто 1. Летописи 2:13-15 се осврнува на Давид како на седми син на Јесеј, додека 1. Самоил 16:10, 11 укажува дека бил осми?
14. Каков ‚зол дух‘ го вознемирувал Саул? (1. Сам. 16:14).
15. Дали било точно претскажувањето што го кажал „Самоил“ преку спиритистичкиот медиум во Ен-Дор? (1. Сам. 28:16–19).