Известувања
◼ Јули и август: Може да се нуди која било од следниве брошури со 32 страници: Божественото име кое ќе остане засекогаш, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Која е смислата на животот? — Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Што ни се случува кога ќе умреме? и Книга за сите луѓе. Септември: Обединети во обожавањето на единствениот вистински Бог (uw). Ако станарот не ја прифати книгата, тогаш понуди ја брошурата Бдејте! Октомври: Ќе се нудат поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Ако е покажан интерес, те молиме понуди ја брошурата Бара.
◼ Почнувајќи од септември, покраинските надгледници ќе го одржуваат јавното предавање со наслов „Зошто да нѐ води Библијата?“
◼ Се препорачува молбите за општа пионерска служба да се предадат до Бетелот најмалку 30 дена пред да се започне со службата. Собранискиот секретар треба да ги прегледа формуларите за да се увери дали се пополнети целосно. Ако оние што ја поднесуваат молбата не можат да се сетат на точниот датум на нивното крштавање, треба да го пресметаат датумот и да си го запишат. Секретарот треба да го запише овој датум во картичката Извештај на собраниски објавител (S-21).
◼ Собраниските секретари треба да проверат дали имаат Писмо за промени за општи пионери (S-202) за секој општ пионер во собранието. Доколку немаат, ве молиме пишете до Бетелот.
◼ Годинава на Меморијалот беа присутни вкупно 3.160 лица. Ова е нов најголем број, што покажува дека овој важен состанок го посетија 101 лице повеќе од минатата година. За прв пат тој беше одржан и на албански јазик, каде што беа присутни 60 лица.