Известувања
◼ Август: Може да се нуди која било од следниве брошури со 32 страници: Божественото име кое ќе остане засекогаш, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Која е смислата на животот? — Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Што ни се случува кога ќе умреме? и Книга за сите луѓе. Септември: Обединети во обожавањето на единствениот вистински Бог (uw). Ако станарот не ја прифати книгата, тогаш понуди ја брошурата Бдејте! Октомври: Ќе се нудат поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Ако е покажан интерес, те молиме понуди ја брошурата Бара. Ноември: Ќе се нуди книгата Учи од Големиот учител. Ако станарот каже дека нема деца, тогаш понуди ја книгата Спознание или трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата?
◼ Треба да се зачуваат страниците 5. и 6. од ова издание на Наша служба за Царството, во врска со програмата од покраинскиот собир и Денот на специјален собир за 2006 службена година.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој одреден од него, треба да ги прегледа собраниските сметки на 1-ви септември или колку што е можно побрзо по тоа. Ако постои посебна банковна сметка, како на пример, за одржување или за градба, треба да се провери и таа сметка. Откако ќе се направи ова, дајте известување пред собранието заедно со следниот сметководен извештај.
◼ Како потсетување, адресата на Бетелот никогаш не треба да се користи како повратна адреса, кога сакаме да дадеме сведоштво преку писма или кога праќаме списанија на заинтересираните или таму каде што немало никој дома или на оние што живеат во непристапни места. Објавителот треба да ја користи својата адреса, зашто тоа е дел од неговата лична служба кон Бог (Мат. 28:19, 20; Рим. 10:14, 15). Меѓутоа, ако смета дека не би било мудро да ја користи својата адреса кога сведочи по пошта, тогаш може да ја користи адресата на Салата на Царството. (Види во Рубрика прашања, од Наша служба за Царството од мај 2002.)
◼ Годишниот попис на целата литература и списанија што стојат на располагање, треба да се изврши на или околу 31 август 2005. Овој попис е сличен на сегашното месечно пребројување од страна на слугата за литература, а севкупниот износ треба да се внесе во формуларот Инвентура на литература (Ѕ-18). Вкупниот број списанија што стојат на располагање треба да се добие од слугата (слугите) за списанија. Секретарот на собранието што служи како координатор треба да го надгледува пописот. Тој, заедно со претседавачкиот надгледник на собранието ќе го потпишат формуларот. Секое собрание ќе добие три формулари од Инвентура на литература (Ѕ-18). Ве молиме, испратете го оригиналот до Бетелот пред 6 септември. Задржете една копија за својата архива. Третата копија може да се користи како работен лист.