Известувања
◼ Ноември: Ќе се нуди книгата Учи од Големиот учител. Ако станарот каже дека нема деца, тогаш понуди ја книгата Спознание или трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? Декември: Ќе се нуди книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Како алтернатива можат да се користат книгите Библијата — реч Божја или човечка?, Моја книга со библиски приказни или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, доколку ја имате во собраниската залиха. Јануари: Ќе се нудат книгите Обединети во обожавањето — издание од 1993, Потрагата на човештвото по Бог или книгата Спознание. Ако станарот не ги прифати книгите, тогаш понуди ја брошурата Бдејте! Февруари: Приближи му се на Јехова. Ако станарот не ја прифати книгата, тогаш понуди ја брошурата Божји пријател.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој одреден од него, треба да ги прегледа собраниските сметки на 1-ви декември или колку што е можно побрзо по тоа. Ако постои посебна банковна сметка, како на пример за одржување или за градба, треба да се провери и таа сметка. Откако ќе се направи ова, дајте известување пред собранието заедно со следниот сметководен извештај.