Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 26 декември 2005. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 7 ноември до 26 декември 2005.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Што можеме да направиме за да бидеме сигурни дека нашето поттикнување е дадено „на темел на љубовта“? (Филим. 9) [be стр. 266].
2. На кои начини можеме да ‚поттикнуваме со здраво учење‘? (Тит 1:9) [be стр. 267 пас. 1-2].
3. Зошто е важно нашите говори да бидат охрабрувачки и како можеме да го правиме тоа? [be стр. 268 пас. 1-3, рамка].
4. Следејќи го примерот на Мојсеј, на кој начин ќе им влееме храброст на другите ако им помогнеме да се сетат што направил Јехова за својот народ? (Втор. 3:28; 31:1-8). [be стр. 268 пас. 5—стр. 269 пас. 2].
5. Зошто би било охрабрувачки за слушателите ако зборуваш со восхит за она што Јехова го прави токму сега и за она што ќе го прави во иднина? [be стр. 270-271].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Што е Септуагинта и зошто е значајна за христијаните? [si стр. 307 пас. 12-стр. 310 пас. 14].
7. Кои биле Масоретите и каков значаен придонес имале за преведувањето на Библијата? [si стр. 310 пас. 18; стр. 311 пас. 20-21].
8. Што го дава основниот текст за хебрејскиот дел од Преводот Нов свет на англиски и зошто може да се каже дека овој превод е авторитативен и доверлив? [si стр. 312 пас. 28, 30].
9. На кој начин раните христијани покажале силна желба да ја објавуваат Божјата реч? [si стр. 315 пас. 1-5].
10. Што открива за Библијата проучувањето на постоечките манускрипти и текстовите на Светото писмо? [si стр. 320 пас. 32].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Како може денес меѓу Јеховиниот народ да се примени 1. Летописи 25:9?
12. Во својата молитва за посветување на храмот, на кој начин Соломон потврдил дека Јехова не внимава само на потребите на своите слуги како група, туку и на секој поединец што се плаши од него? (2. Лет. 6:29, 30).
13. Во склад со зборовите од 2. Летописи 20:17, како треба да постапи Божјиот народ кога ќе биде нападнат од Гог од Магог?
14. Каква отрезнувачка лекција можеме да научиме од случајот со јудејскиот цар Озиј? (2. Лет. 26:15-21).
15. На кој начин 2. Цареви 20:22, 23 живо опишува што ќе се случи со Сатанскиот свет?