ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/05 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2005
Нашата служба за Царството 2005
km 12/05 стр. 7

Известувања

◼ Декември: Ќе се нуди книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Како алтернатива можат да се користат книгите Библијата — реч Божја или човечка?, Моја книга со библиски приказни или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, доколку ја имате во собраниската залиха. Јануари: Ќе се нудат книгите Обединети во обожавањето — издание од 1993, Потрагата на човештвото по Бог или книгата Спознание. Ако станарот не ги прифати книгите, тогаш понуди ја брошурата Бдејте! Февруари: Приближи му се на Јехова. Ако станарот не ја прифати книгата, тогаш понуди ја брошурата Божји пријател.

◼ Објектите на Бетелот во Скопје ќе бидат затворени на 12 и 13 мај 2006 поради пролетно чистење. Тие денови нема да може да се разгледува Бетелот. Ја користиме оваа прилика да ве потсетиме дека кога планирате да ги посетите нашите објекти, треба да го известите Бетелот еден ден претходно, за да можеме да се подготвиме за вашата посета.

◼ Наскоро ќе бидат испратени поканите за Меморијалот за 2006 година. Ако би сакале да имате покани и на албански јазик, тогаш тоа треба да се нарача колку што е можно побрзо со Формуларот за нарачка на литература (Ѕ-14).

◼ Ве молиме забележете дека Меморијалот за 2007 година ќе биде во понеделник, 2 април, по зајдисонце. Ова известување се дава однапред за да можат браќата да ги направат потребните резервации или договори во врска со салите кои се на располагање, ако Салата на Царството ја користат неколку собранија, па мора да се најдат други објекти. Во тој случај, старешините треба да се договорат со управата за да се осигураат дека нема да има пречки од некои други активности во објектот, за да може Меморијалот да се одвива на мирен и уреден начин.

◼ Поради важноста на Меморијалот, старешинското тело треба да избере некој од поспособните старешини за да бидат говорници, наместо само да се менуваат или пак, да се користи само еден ист брат секоја година. Ако има старешина помазаник кој може да одржи говор, тој треба да биде избран.

◼ Среќни сме што можеме да известиме дека во јули 2005 беше достигнат нов највисок број на објавители. Во овој месец, 1.088 објавители дале известување за својата проповедничка активност. Колку убав резултат кон крајот на 2005 службена година, кој дава надеж за понатамошен пораст во следната службена година.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели