ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/06 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2006
Нашата служба за Царството 2006
km 1/06 стр. 7

Известувања

◼ Јануари: Ќе се нудат книгите Обединети во обожавањето — издание од 1993, Потрагата на човештвото по Бог или книгата Спознание. Ако станарот не ги прифати книгите, тогаш понуди ја брошурата Бдејте! Февруари: Приближи му се на Јехова. Ако станарот не ја прифати книгата, тогаш понуди ја брошурата Божји пријател.

◼ Поради тоа што април има пет викенди, тоа би била одлична можност за помошна пионерска служба.

◼ Почнувајќи од февруари, и не подоцна од 5 март, новото јавно предавање за покраинските надгледници ќе биде „Можеш да живееш во мир сега — и засекогаш!“

◼ Собранијата треба прикладно да се подготват да ја одржат Спомен-свеченоста во среда на 12 април, по зајдисонце. Иако говорот може да започне порано, подавањето на симболите не треба да започне пред зајдисонце. Според официјални извори, зајдисонцето во Скопје ќе биде во 19:11 часот, а во Охрид во 19:14 часот. Пожелно е секое собрание посебно да ја одржи Спомен-свеченоста. Меѓутоа, ова нема секогаш да биде возможно. Онаму каде што обично неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе можат да обезбедат друг објект за таа вечер. Таму каде што е возможно, предлагаме помеѓу двете програми да поминат барем 40 минути, за да можат сите да извлечат целосна корист од таа прилика. Треба да се размисли и за сообраќајот и паркирањето, вклучувајќи го и оставањето и земањето патници. Старешинството треба да одлучи за тоа кои подготовки ќе бидат најдобри локално.

◼ Ако планирате да патувате, а исто така сакате да присуствувате на собраниски состаноци, покраински собир или обласен конгрес во некоја друга земја, тогаш информации во врска со датумите, термините и местата на одржување на тие состаноци, треба да побарате од подружницата што го надгледува делото во таа земја. Адресите на подружниците се наоѓаат на последната страница од тековниот Годишник.

◼ Среќни сме што можеме да известиме дека во август 2005 повторно достигнавме нов највисок број на објавители. Во тој месец, 1.129 објавители дале извештај за својата проповедничка активност, а тоа се 41 објавител повеќе отколку во јули истата година. Со ова, за прв пат во историјата на делото за Царството во Македонија, ја надминавме целта од 1.100 објавители.

◼ Почнувајќи со овој број, насловот на Наша служба за Царството е сменет во Нашата служба за Царството. Поврзано со ова, сакаме да ве известиме и за некои други промени на теократски термини. Тие се:

◼ Состанок за служба ново — Состанок за нашата служба

◼ Специјален ден за состанок ново — Посебен собир

◼ Врвни точки ново — Избрани стихови

◼ Говорни особини ново — Методи во говорништвото

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели