Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 27 февруари 2006. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 2 јануари до 27 февруари 2006.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. На кој начин ни помага Теократската школа за служба ‚да му принесуваме на Бог жртва на фалба и да даваме јавна изјава за неговото име‘? (Евр. 13:15) [be стр. 5 пас. 3—стр. 6 пас. 1].
2. Зошто треба марливо да се трудиме да читаме точно? [be стр. 83 пас. 1—стр. 84 пас. 1].
3. Зошто е толку важен јасниот говор кога зборуваме и поучуваме? [be стр. 86 пас. 1-6].
4. Зошто е важен правилниот изговор и кои фактори треба да се земат предвид? [be стр. 89 пас. 1—стр. 90 пас. 2, рамка].
5. Кои совети можат да ни помогнат да разговараме потечно? [be стр. 94 пас. 4, 5, рамка].
ЗАДАЧА БР. 1
6. На кој начин 2. Летописи 36:17-23 ја потврдува веродостојноста на библиското пророштво? [si стр. 84 пас. 35].
7. Кои настани овозможиле Евреите да се вратат во нивната татковина во 537 пр.н.е. за повторно да го изградат домот на Јехова? [si стр. 85 пас. 1-3].
8. На кој начин книгата Езра го оправдува Јехова како вистински Бог и гради доверба во него? [si стр. 87 пас. 14, 18].
9. Зошто „дваесеттата година на цар Артаксеркс“ е важна во библиската хронологија? (Неем. 2:1, 5, 6, 11, 17, 18). [si стр. 88 пас. 2, 5].
10. Како Неемија дава добар пример за Божјите слуги денес? [si стр. 90 пас. 16, 17].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Дали за повратниците од изгнанство сѐ уште биле на располагање Урим и Тумим, кои биле користени за да се добие одговор од Јехова? (Езра 2:61-63).
12. Зошто многу Евреи во Вавилон не сакале да одат во Ерусалим со Езра? (Езра 7:28—8:20).
13. Како можел да се гради ѕидот само со една рака? (Неем. 4:17, 18).
14. Зошто Санавалат испратил „отворено писмо“ до Неемија, кога доверливите писма обично се испраќале во затворена торба? (Неем. 6:5).
15. Кои други мерки ги презел Неемија за ‚да ги прекори‘ отпадничките Евреи, како што направил порано со кнезовите и благородниците? (Неем. 13:25, 28).