Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 24 април 2006. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 6 март до 24 април.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Додека поучуваме, зошто треба да правиме паузи кога преминуваме на друга мисла, но што може да нѐ спречи во тоа? [be стр. 98 пас. 2, 3].
2. Зошто е важно да правиме паузи кога им сведочиме на другите? [be стр. 99 пас. 5 до стр. 100 пас. 4].
3. Зошто е толку важно смисловното акцентирање кога држиме говор, и како можеме да го постигнеме тоа? [be стр. 101 пас. 1-4, рамка, до стр. 102 пас. 1].
4. Како можеме да ги нагласиме главните идеи од нашиот материјал кога читаме на глас пред други? [be стр. 105 пас. 1-6].
5. Зошто е важно да зборуваме доволно гласно кога поучуваме, и како можеме да одредиме колку гласно да зборуваме? [be стр. 107, 108].
ЗАДАЧА БР. 1
6. На кој начин ситуацијата во која се наоѓаат христијаните денес е слична на ситуацијата на Естира и Мардохеј, и како можеме да го имитираме нивниот пример? [si стр. 94 пас. 17].
7. За што зборувал Соломон кога рекол: „Сѐ е тоа суета и гониветер“? (Проп. 2:11) [w 15.10.04 стр. 4 пас. 3, 4].
8. Како можеме да развиваме љубов кон Бог? (Марко 12:30) [w 1.3.04 стр. 19-21].
9. Каква разлика може да се направи помеѓу духовните вредности и материјализмот? [w 15.10.04 стр. 5-7].
10. Што може да ни помогне да слушаме на собирите и конгресите без да ни се одвлече вниманието? [be стр. 15, 16].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Зошто било покриено лицето на Аман? (Ест. 7:8).
12. Кое духовно суштество влијаело врз размислувањето на Елифаз? (Јов 4:15, 16) [w 15.9.05 стр. 26 пас. 2].
13. Дали изјавата на Јов, во Јов 7:9, 10 и 10:21, покажува дека тој не верувал во воскресение?
14. Што веројатно мислел Јов со изразот „ми остана само кожа околу забите“? (Јов 19:20).
15. Што мислел Јов кога рекол: „Нема да отстапам од својата непорочност“, и што можеме да научиме од ова? (Јов 27:5, NW).