Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 28 август 2006. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 3 јули до 28 август 2006.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Како ни помага визуелниот контакт да станеме подобри учители? (Мат. 19:25, 26; Дела 14:9, 10) [be стр. 124 пас. 3 до стр. 125 пас. 3].
2. Зошто е важна природноста, и како да ја покажеме кога учествуваме во службата на проповедање? [be стр. 128 пас. 1-5, рамка].
3. Зошто треба да бидеме уредни и чисти? [be стр. 131 пас. 1-3].
4. Како треба ‚скромноста и здравите мисли‘ да влијаат врз нашиот избор на облека? (1. Тим. 2:9) [be стр. 131 пас. 4 до стр. 132 пас. 1].
5. Кои библиски начела треба да ги применуваме за да бидеме сигурни дека нашиот личен изглед не одразува љубов кон светот? [be стр. 133 пас. 2, 3].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Која е најголемата корист од читањето? [be стр. 21 пас. 3].
7. Што одредува дали некој е мудар или неразумен? (Посл. 14:2) [w 15.11.04 стр. 26 пас. 5].
8. Зошто „разумниот лесно доаѓа до знаење“? (Посл. 14:6) [w 15.11.04 стр. 28 пас. 4, 5].
9. Што е проучување? [be стр. 27 пас. 3].
10. Како треба да влијае врз нас тоа што ќе размислуваме за Јеховините дела на создавање? [w 15.11.04 стр. 8 пас. 4].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Како Јехова во старо време ‚испраќал збор‘ поради што една голема војска од ‚жени ја објавувале добрата вест‘? Како се исполнува ова денес? (Пс. 68:11, NW).
12. Зошто Асаф за малку ќе престанел да го прави она што е добро, и како го променил своето мислење? (Пс. 73:2, 3, 17).
13. Зошто маната што ја добивале Израелците била наречена ‚небесен леб‘ и „ангелски леб“? (Пс. 78:24, 25).
14. Што е „тајното засолниште на Севишниот“ и како можеме да ‚престојуваме‘ таму? (Пс. 91:1, 2, NW).
15. Во која смисла смртта на оние што му се лојални на Јехова е скапоцена во негови очи? (Пс. 116:15).