Известувања
◼ Септември: Ќе се нуди книгата Што учи Библијата. Треба да се потрудиме уште при првиот разговор со луѓето да почнеме да ја проучуваме Библијата со нив. Таму каде што сме ја оставиле оваа книга треба да навратиме повторно со цел да започнеме да проучуваме со тоа лице. Октомври: Ќе се нудат поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Ако е покажан интерес, те молиме, понуди ја брошурата Бдејте! за да поттикнеш понатамошен интерес за Библијата. Ноември: Ќе се нуди книгата Учи од Големиот Учител. Ако станарот каже дека нема деца, понуди го трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? или некој друг соодветен трактат. Декември: Ќе се нуди книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Освен неа, може да се користат и книгите Библијата — реч Божја или човечка?, Моја книга со библиски приказни и Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, доколку од нив имате резерви во собранието.
◼ Собранијата треба, со нивната следна нарачка на литература, да почнат да нарачуваат повези на Стражарска кула и Разбудете се! за 2006 година, како и Библиотеката со публикации на Јеховините сведоци —издание од 2006 година на CD-ROM (нема на македонски). Собранијата ќе бидат известени на кои јазици ќе бидат достапни повезите. Ве молиме забележете дека Библиотеката на CD-ROM од 2006 година е само за крстените членови на собранијата и може да се добие само преку собранијата.
◼ Се потсетуваат старешините да ги проследат упатствата дадени во Стражарска кула од 15 април 1991 година, страници 21-23, во врска со сите исклучени или одвоени лица кои можеби сакаат да бидат повторно примени.