Известувања
◼ Декември: Ќе се нуди книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Освен неа, може да се користат и книгите Библијата — реч Божја или човечка?, Моја книга со библиски приказни и Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, доколку од нив имате во собранието. Јануари: Ќе се нуди било која постара книга од 192 страници. Ако собранието нема такви постари книги во резерва, може да се користи книгата Спознание или брошурата Бдејте! Февруари: Ќе се нуди книгата Приближи му се на Јехова. Март: Ќе се нуди книгата Што учи Библијата. Обиди се да започнеш библиски студии.
◼ Во собранијата наскоро ќе бидат испратени поканите за Спомен-свеченоста за 2007 година. Ако сакате да имате покани и на албански јазик, тогаш тие треба да се нарачаат колку што е можно побрзо со Формуларот за нарачка на литература (Ѕ-14).
◼ Ве молиме, забележете дека Спомен-свеченоста за 2008 година ќе биде во сабота, 22 март, по зајдисонце. Ова известување се дава однапред за да можат браќата да ги направат потребните подготовки. Поради важноста на Спомен-свеченоста, старешинството треба да избере некој од поспособните старешини, кој ќе го одржи говорот, наместо само да се менуваат или, пак, да се користи само еден ист брат секоја година.