Известувања
◼ Мај: Ќе се нудат списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Кога повторно ги посетуваме заинтересираните лица, треба да се обидеме да започнеме да ја проучуваме Библијата со нив со помош на книгата Што учи Библијата. Овде спаѓаат и оние што присуствувале на Спомен-свеченоста или на некој друг состанок, а сѐ уште не се активно поврзани со собранието. Јуни: Може да се нуди книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе? или книгата Тајната на семејната среќа. Јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Се грижи ли Бог навистина за нас?, Радувај се на животот засекогаш на Земјата!, Бдејте!, „Гледај! Сѐ ново создавам!“, Дали треба да се верува во тројство?, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, Што ни се случува кога ќе умреме?, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, и Кога ќе умре некој што го сакаш. Во некои случаи, може да бидат соодветни следниве брошури: Книга за сите луѓе, Задоволувачки живот — како да се постигне, Духови на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?, Ќе постои ли некогаш свет без војни?
◼ Старешинствата треба повторно да го разгледаат писмото со датум од 6 јули, 2006 год., во врска со подготовките за природни катастрофи, и да проверат дали ги имаат најновите податоци за адресите и телефонските броеви од секој објавител. Во подрачјата што честопати се погодени од катастрофи треба да се соберат и дополнителни информации за контакт со објавителите во случај на вонредна состојба. Се разбира, освен што ќе им ги дадат информациите потребни за вонредните состојби, би било добро објавителите да го известат својот надгледник на Собраниско проучување на книга, или некој друг старешина, и ако бидат отсутни на подолг период, како, на пример, кога патуваат на одмор или службено, кога треба да престојуваат во болница итн.