Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 25 јуни 2007 год. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 7 мау до 25 јуни 2007 год.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Кога зборуваме, на кој начин можеме да се опуштиме за да го подобриме квалитетот на нашиот глас? [be од стр. 184, пас. 3, до стр. 185, пас. 2].
2. На кој начин можеме ‚на сите да им бидеме сѐ‘ во нашата служба? (1. Кор. 9:20-23) [be стр. 186, пас. 2-4].
3. На кој начин можеме да го следиме примерот на Јехова додека ги слушаме другите? (1. Мој. 18:23-33; 1. Цар. 22:19-22) [be стр. 187, пас. 1, 2, 5].
4. На кој практичен начин можеме да им помогнеме на другите духовно да напредуваат? [be од стр. 187, пас. 6, до стр. 188, пас. 3].
5. Зошто е важно да покажуваме почит кон другите? [be стр. 190, пас. 3, рамка].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Зошто треба да се трудиме да ги допреме срцата на оние што ги поучуваме? [be стр. 59, пас. 1].
7. Како влијае нашиот пример врз оние што ги поучуваме? [be стр. 61, пас. 1].
8. Како да ги подобриме вештините за разговор во нашето семејство? [be стр. 62, пас. 3].
9. Каков пример за храбра ревност претставува за нас пророкот Еремија? [si стр. 129, пас. 36].
10. Каква доверба е изразена во книгата Плач Еремиин, и зошто е корисно што таа покажува колку строго Бог ги казнува злите? [si стр. 132, пас. 13].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Во што можеме да бидеме сигурни врз основа на искуството на Еремија, кое е опишано во Еремија 37:21?
12. Зошто Варух рекол дека Јехова ‚му додал тага на неговата болка‘, па затоа ‚премалел‘, и како реагирал Варух на почетокот? (Ерем. 45:1-5).
13. Од кога во Вавилон повеќе не се населувале луѓе, па затоа ‚се запустил‘? (Ерем. 50:13).
14. Кое начело во врска со молитвата јасно е изразено во Плач Еремиин 3:8, 9, 42-45?
15. Што е прикажано со кочијата што е опишана во првото поглавје од книгата Езекиел?