Известувања
◼ Понуда на литература за јули и август: Може да се користи која и да било брошура од 32 страници. Септември: Ќе се нуди книгата Што навистина учи Библијата. Овој месец посебно треба да се потрудиме уште при првиот разговор со луѓето да почнеме да ја проучуваме Библијата со нив. Ако некој станар веќе ја има оваа публикација, тогаш накратко покажи му како може со неа да ја проучува Библијата.
◼ Бидејќи септември има пет викенди, тој би бил одличен месец за помошна пионерска служба.
◼ Почнувајќи од септември, покраинските надгледници ќе го одржуваат јавното предавање со наслов „Зошто можеме да имаме доверба во Библијата?“
◼ Годишниот попис на целата литература и списанијата што стојат на располагање треба да се изврши на или околу 31 август 2007. Овој попис е сличен на сегашното месечно пребројување што го прави слугата за литература, а севкупниот износ треба да се внесе во формуларот Инвентура на литературата (S-18). Вкупниот број списанија што стојат на располагање треба да се добие од слугата (слугите) за списанија. Секретарот на собранието што е одговорно за координирање на пописот треба да ја надгледува работата. Тој и претседавачкиот надгледник на собранието ќе го потпишат формуларот. Секое собрание ќе добие по три формулари Инвентура на литературата (S-18) Ве молиме, испратете го оригиналот до Бетелот пред 6 септември. Задржете еден примерок за својата архива. Третиот примерок може да се користи како работен лист.
◼ На Спомен-свеченоста годинава во нашава земја присуствуваа 3.677 лица. Ова е нов највисок број, од кој се гледа дека на овој многу важен настан присуствуваа 480 лица повеќе отколку минатата година. Навистина прекрасна награда за големиот труд што го вложија сите објавители на Царството што учествуваа во акцијата во која делевме покани! Но, најголемата фалба за таквиот благослов ја заслужува нашиот величествен Бог Јехова.
◼ Се радуваме што можеме да ве известиме дека на специјалното предавање што оваа година за првпат се одржа на ромски јазик беа присутни 506 лица.