Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 27 август 2007 год. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 2 јули до 27 август 2007 год.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Како ќе покажеме почит кон другите во службата и во собранието? [be стр. 192, пас. 2-4].
2. Како ќе покажеме дека сме уверени во она што го кажуваме? [be стр. 196, пас. 1-3].
3. Кои предлози ќе ни помогнат да бидеме тактични кога им сведочиме на другите? [be од стр. 197, пас. 5, до стр. 198, пас. 4].
4. Како тактичноста ни помага да процениме кога е правото време да кажеме нешто додека им сведочиме на другите? (Изр. 25:11) [be стр. 199, пас. 1-3].
5. Како да ги изнесуваме нашите говори на охрабрувачки начин? [be од стр. 203, пас. 3, до стр. 204, пас. 1].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Зошто може да се каже дека книгата Езекиел е канонска, автентична и дека ја напишал Езекиел? [si стр. 133, пас. 3].
7. Која особина треба да ја имаме за да можеме да поднесеме неправда? [w 1.6.05 стр. 29, пас. 4].
8. Што учиме од одговорот што им го дал Исус на садукеите, кои го прашувале за воскресението? (Лука 20:37, 38) [be стр. 66, пас. 4].
9. Како треба да одговориме ако некој интересент или соверник нѐ праша што да прави во дадена ситуација? [be стр. 69, пас. 4, 5].
10. Што е потребно за ‚да се обновуваме во силата што го задвижува нашиот ум‘? (Еф. 4:23) [be стр. 74, пас. 4].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Кого го претставува човекот облечен во лен, и што е ‚знакот на челата‘ кој е спомнат во Езекиел 9:2-4? [w 1.1.00 стр. 11, пас. 3; wt стр. 124, пас. 10].
12. Во која смисла верските водачи од христијанскиот свет личат на ‚безумните пророци, кои оделе по своето срце‘, како што пишува во Езекиел 13:3? [w 1.10.99 стр. 13].
13. Која важна поука во врска со одговорноста се наоѓа во Езекиел 18:1-29? [w 1.7.07 стр. 13].
14. Во која смисла Езекиел станал „нем“ за време на опсадата и уништувањето на Ерусалим? (Езек. 24:27; 33:22) [w 1.12.03 стр. 29].
15. Кој е „Гог од земјата Магог“, и кога тргнува да го уништи Јеховиниот народ? (Езек. 38:2, 16) [w 1.3.97 стр. 14, 15, пас. 1-3].