ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/07 стр. 1
  • Живејте како мудри

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Живејте како мудри
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Сличен материјал
  • Полињата се зрели за жетва
    Нашата служба за Царството 2010
  • Дај сѐ од себе во големата духовна жетва!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Со задоволство се трошиме во службата за Јехова!
    Нашата служба за Царството 2007
  • Секојдневно да ја објавуваме вистината во знак на имитирање на Исус
    Нашата служба за Царството 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 2007
km 11/07 стр. 1

Живејте како мудри

1 Кога Исус повикал четворица рибари да бидат негови следбеници, тие не одложувале туку ‚веднаш пошле по него‘ (Мат. 4:18-22). Кога Савле од Тарс се преобратил и повторно прогледал, ни тој не одолговлекувал туку ‚веднаш почнал во синагогите да проповеда за Исус‘ (Дела 9:20). Времето постојано тече — кога еднаш ќе помине, повеќе не се враќа. Токму затоа е важно да ‚живееме како мудри‘ во поглед на тоа како го користиме нашето време (Еф. 5:15, 16).

2 Непредвидени настани: Приликите што денес ги имаме да му служиме на Јехова, утре можеби ќе ги немаме (Јак. 4:14). „Непредвидените настани“ можат да го снајдат секого (Проп. 9:11). Освен тоа, сите старееме, па затоа во овој поредок не можеме да ги избегнеме ‚злите денови‘ што ги носи староста и што нѐ ограничуваат во поглед на она што можеме да го правиме во службата за Јехова (Проп. 12:1). Затоа, не е мудро да одложуваме да му го ветиме својот живот на Бог или да чекаме идеални услови за да почнеме да му служиме во поголема мера (Лука 9:59-62). Авраам мудро го користел својот живот, бидејќи му бил сосема оддаден на Јехова. Затоа, на стари години нашол мир и спокојство и умрел „стар и задоволен“ (1. Мој. 25:8).

3 Преостанато е малку време: Времето треба да го користиме мудро и затоа што е преостанато „малку време“ (1. Кор. 7:29-31). Наскоро ќе му дојде крајот на овој стар поредок. Со тоа ќе поминат и приликите да учествуваме во големото собирање на понизните луѓе додека трае „земната жетва“ (Отк. 14:15). Мора да внимаваме да не дозволиме животните грижи и други работи да ни го одземат времето што би било подобро да го потрошиме во службата (Лука 21:34, 35). Навистина ќе бидеме среќни кога ќе помислиме на минатото знаејќи дека сме дале сѐ од себе во жетвата!

4 Мора постојано да внимаваме да не пропуштиме ниедна задача во службата што би можеле да ја добиеме. Да бидеме решени да правиме сѐ што можеме за да му служиме на Јехова „сѐ додека уште трае тоа ‚денес‘“ (Евр. 3:13). Така ќе покажеме дека сме вистински мудри, бидејќи „оној што ја врши Божјата волја, останува засекогаш“ (1. Јов. 2:17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели