ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/08 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2008
Нашата служба за Царството 2008
km 1/08 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература за јануари: Може да се нуди книгата Спознание или брошурата Бдејте! Февруари: Постои ли Творец кој се грижи за тебе? или Тајната на семејната среќа. Март: Што навистина учи Библијата? Особено треба да се трудиме да започнеме библиски студии. Април и мај: Стражарска кула и Разбудете се! Треба особено да се трудиме да ги посетиме новозаинтересираните лица кои присуствувале на Спомен-свеченоста или на специјалното предавање, а не се активно поврзани со собранието. Притоа наша цел треба да биде да започнеме да ја проучуваме Библијата со оние што сѐ уште не проучуваат.

◼ Бидејќи има пет цели викенди, март би бил одличен месец за помошна пионерска служба.

◼ Новото јавно предавање, кое покраинските надгледници ќе почнат да го држат од февруари, и не подоцна од 2 март, ќе носи наслов: „Каде можеш да најдеш помош во ова тешко време“.

◼ Собранијата треба соодветно да се подготват за Спомен-свеченоста, која оваа година ќе се одржи во сабота, на 22 март, по зајдисонце. Иако говорот може да започне порано, подавањето на симболите не треба да започне пред зајдисонце. Во Скопје сонцето ќе зајде во 17.47 часот, а во Охрид во 17.51 часот. Пожелно е секое собрание посебно да ја одржи Спомен-свеченоста. Меѓутоа, ова нема секогаш да биде возможно. Онаму каде што обично по неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе мораат да користат друг објект за таа вечер. Таму каде што е изводливо, предлагаме помеѓу двете програми да поминат барем 40 минути, за да можат сите малку да поразговараат со другите по предавањето. Треба да се размисли и за сообраќајот и паркирањето, вклучувајќи го и оставањето и земањето патници. Старешинството треба да одлучи за тоа што ќе биде најдобро за нивното собрание.

◼ Собранискиот секретар треба да провери дали има писмо за именување (S-202) за секој општ пионер во собранието. Доколку нема, треба да пише до Бетелот.

◼ Од 4 август 2008 год., ќе почнеме да ја проучуваме книгата Живеј со Јеховиниот ден во мислите.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели