Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 30 јуни 2008 год. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 5 мај до 30 јуни 2008 год.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Што треба да направиме за слушателите да ги разберат илустрациите што ги користиме? [be од стр. 242, пас. 3, до стр. 243, пас. 1].
2. Зошто се делотворни едноставните илустрации што се земени од секојдневни ситуации? [be стр. 245, пас. 2-4].
3. Колку е важно делотворно да користиме визуелни помагала, и како Јехова ги користел за да даде важни поуки? (1. Мој. 15:5; Ерем. 18:6; Јона 4:10, 11) [be стр. 247, пас. 1, 2].
4. На кои начини можеме да користиме визуелни помагала за да поучуваме подобро? [be стр. 248, пас. 1-3].
5. Кога проучуваме со интересентите, како можеме делотворно да ги користиме географските карти? [be стр. 248, пас. 4].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Со помош на светиот дух, до кои сознанија можеме да дојдеме кога ја проучуваме Библијата? [be стр. 32, пас. 3, 4].
7. Како би можеле да ја користиме Библијата за да го истражиме значењето на некој стих? [be од стр. 34, пас. 4, до стр. 35, пас. 2].
8. На кој начин Евангелието според Јован ја истакнува Исусовата улога?
9. Кои се библиските докази дека книгата Дела ја напишал лекарот Лука? [si стр. 199, пас. 3; стр. 200, пас. 5-7].
10. Како се прави нацрт за говор? [be стр. 39-41].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Кој храм „се градел четириесет и шест години“? (Јован 2:20) [w 15.4.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од книгата Јован“].
12. Кои се тие што ‚преминуваат од смрт во живот‘? (Јован 5:24, 25) [w 15.4.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од книгата Јован“].
13. Како Исус ќе ‚им приготвел место‘ на небото на своите верни следбеници? (Јован 14:2) [w 15.4.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од книгата Јован“].
14. Зошто Исус ѝ рекол на Марија Магдалена да не се држи за него? (Јован 20:17) [w 15.4.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од книгата Јован“].
15. Што значи тоа дека Исус ќе дојде „на истиот начин“ како што заминал на небо? (Дела 1:9-11) [w 15.1.05 стр. 14, пас. 20, 21].