ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/08 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2008
Нашата служба за Царството 2008
km 9/08 стр. 3

Известувања

◼ Понуда на литература за септември: Ќе се нуди книгата Што навистина учи Библијата. Овој месец посебно треба да се потрудиме, уште при првиот разговор со луѓето, да почнеме да ја проучуваме Библијата со нив. Ако некој станар веќе ја има оваа публикација, тогаш накратко покажи му како да ја користи. Октомври: Ќе се нудат списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Ноември: Што навистина учи Библијата? Треба особено да се трудиме да започнуваме библиски студии.

◼ Бидејќи има пет цели викенди, ноември би бил одличен месец за помошна пионерска служба.

◼ Специјалното предавање во периодот на Спомен-свеченоста за 2009 год. ќе се одржи во текот на седмицата од 20 април 2009. Темата на предавањето ќе биде дополнително објавена. Во собранијата кои тој викенд имаат посета од покраинскиот надгледник, специјалното предавање ќе се одржи една седмица подоцна. Во ниедно собрание тоа не треба да се изнесе пред седмицата од 20 април.

◼ Со својата следна нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат повези на Стражарска кула и Разбудете се! за 2008 год., како и Библиотеката со публикации на Јеховините сведоци — издание од 2008 год. на CD-ROM (нема на македонски). Собранијата ќе бидат известени на кои јазици ќе бидат достапни повезите. Ве молиме забележете дека Библиотеката на CD-ROM од 2008 год. е за крстените и некрстените членови на собранието и може да се добие само преку собранието. Нарачките за сите овие изданија треба да се испратат до Бетел најдоцна до 1 ноември. Објавителите кои многу ја користат Библиотеката на CD-ROM, и затоа повеќе не користат повези, треба да размислат дали и понатаму да ги нарачуваат.

◼ Претседавачкиот надгледник или некој што е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки за јуни, јули и август. Не треба еден ист брат да го изврши прегледот двапати по ред. Штом ќе се направи ова, треба да се даде известување пред собранието откако ќе се прочита следниот сметководен извештај.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели