Известувања
◼ Понуда на литература за јануари: Може да се нуди која и да било книга од 192 страници што е издадена пред 1991 год. Собранијата што немаат на располагање постари книги, може да ја нудат книгата Спознание (ако ја имаат) или брошурата Бдејте! Февруари: Приближи му се на Јехова. Собранијата што ја немаат оваа книга може да ја нудат книгата Откровение — величествена завршница! или друга постара публикација што ја имаат во големи количини.
◼ Новото јавно предавање, кое покраинските надгледници ќе почнат да го држат од март, ќе носи наслов: „Отфрли ги световните желби, мисли на Царството“.
◼ Собранијата треба соодветно да се подготват за Спомен-свеченоста, која оваа година ќе се одржи во четврток, на 9 април, по зајдисонце (во Македонија сонцето ќе зајде во 19.09 часот). Пожелно е секое собрание посебно да ја одржи Спомен-свеченоста. Онаму каде што обично по неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе мораат да користат друг објект за таа вечер. Таму каде што е изводливо, предлагаме помеѓу двете програми да поминат барем 40 минути, за да можат сите да поразговараат со другите по предавањето.
◼ Во август 2008 год. достигнавме нов највисок број од 1.338 објавители. Тоа е 11 отсто повеќе во однос на минатогодишниот просек на објавители.