Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 23 февруари 2009 год. Надгледникот на школата ќе води 20-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 5 јануари до 23 февруари 2009 год.
1. Како можел Бог да создаде светлина првиот ден кога светилата биле создадени дури четвртиот ден? (1. Мој. 1:3, 16) [w 1.1.04 стр. 28, пас. 5].
2. Зошто Ное го проколнал Ханаан? (1. Мој. 9:20-25) [w 1.1.04 стр. 31, пас. 1].
3. Кога стапил на сила авраамскиот сојуз, и колку долго ќе трае? (1. Мој. 12:1-4) [w 15.1.04 стр. 26, пас. 4; w 15.8.01 стр. 17, пас. 13].
4. Што докажува дека Нимрод и оние кои го следеле неговото водство не успеале ‚да си стекнат славно име‘? (1. Мој. 11:4) [w 15.3.98 стр. 25].
5. Со оглед на тоа што во 2. Петрово 2:7 Лот е наречен ‚праведен‘, зошто тогаш им ги понудил своите ќерки на изопачените луѓе во толпата? (1. Мој. 19:8) [w 1.2.05 стр. 25, 26, пас. 15, 16; w 15.1.04 стр. 27, пас. 3].
6. Што можат да научат брачните двојки од начинот на кој Авраам го решил несогласувањето меѓу Агара и Сара во врска со Исмаел? (1. Мој. 21:10-14; 1. Сол. 2:13) [w 15.4.06 стр. 6, пас. 5-8].
7. Што можеме да научиме од Елиезер кој се трудел да се држи за Јеховините мерила кога барал сопруга за Исак? (1. Мој. 24:14, 15, 17-19, 26, 27) [w 1.1.97 стр. 31, пас. 2].
8. Кое е значењето на сонот на Јаков во кој е вклучена и една „скала“? (1. Мој. 28:12, 13) [w 15.1.04 стр. 28].
9. Зошто Рахила толку многу сакала да ги добие мандрагорите од синот на Лија? (1. Мој. 30:14, 15) [w 15.1.04 стр. 28, пас. 6].
10. Како примерот на Дина покажува колку е ризично да се оди преблизу до опасноста? (1. Мој. 34:1, 2, 19) [w 15.10.04 стр. 21, пас. 6; стр. 22, пас. 5].