Известувања
◼ Темата на специјалното предавање по Спомен-свеченоста за 2009 год. ќе биде „Дали Бог ги прифаќа сите религии?“ Дополнителни информации има во известувањето во Нашата служба за Царството од септември 2008 год.
◼ Во Скопје, во текот на јануари 2009 год., Школата за пионери ја завршија два класа составени од браќа и сестри од цела Македонија. Јехова ја благословува пионерската служба во нашата земја со убав пораст. Минатата службена година, 37 браќа и сестри започнаа да служат како пионери, а тоа е 34 отсто пораст во бројот на општи пионери. Во писмото што го напиша еден од последните класови јасно се гледа каков став имаат: „Ние се чувствуваме особено привилегирани што околностите ни овозможуваат да служиме како пионери во овие последни денови“. Се молиме уште многу други да го следат нивниот пример.