Вести од службата
Многу ревносни објавители ѝ дадоа извонредна поддршка на акцијата со трактати. Во ноември 2008 год., извештај од службата дадоа вкупно 1.299 објавители, што е најголем број оваа службена година. Меѓу нив имаше 89 помошни пионери, 152 општи и 44 специјални пионери. Тоа значи дека секој петти објавител во нашата земја учествуваше во полновремена служба. Поради зголемената активност беа известени и 1.156 библиски студии.