Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 27 април 2009 год. Надгледникот на школата ќе води 20-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 2 март до 27 април 2009 год.
1. Со какво искушение се борел Јосиф секој ден, и како се справил со него? (1. Мој. 39:7-12) [lv од стр. 105, пас. 18 до стр. 106, пас. 20].
2. Што ни открива Библијата во врска со роденденските прослави? (1. Мој. 40:20-22) [lv од стр. 150, пас. 9 до стр. 151, пас. 11].
3. Каков извонреден пример ни дава Јосиф за тоа дека треба да им простуваме на оние што ни згрешиле? (1. Мој. 45:4, 5) [w 1.1.99 стр. 31, пас. 2, 3].
4. Како влијаело врз другите тоа што Јосиф заповедал: „Понесете ги моите коски одовде“? (1. Мој. 50:25) [w 1.6.07 стр. 28, пас. 10].
5. Што може да ни влее самодоверба кога ќе добиеме некоја потешка задача? (2. Мој. 4:10, 13) [w 15.3.04 стр. 25, пас. 4].
6. Што произлегло од начинот на кој Јехова постапил со фараонот, и како треба да влијаат врз нас тие настани? (2. Мој. 9:13-16) [w 15.5.05 стр. 21, пас. 8].
7. Какво значење имаат за нашево време зборовите од 2. Мојсеева 14:30, 31? [w 15.3.04 стр. 26, пас. 5].
8. Според 2. Мојсеева 16:1-3, кои опасности постојат ако се жалиме? [w 15.3.93 од стр. 20, пас. 2 до стр. 21, пас. 2].
9. Според условите од сојузот на Законот, изнесени во 2. Мојсеева 19:5, 6, до кој обем би можело да се каже дека древниот Израел бил „царство на свештеници и свет народ“? [w 1.7.95 стр. 16, пас. 8].
10. Во која смисла десеттата заповед во врска со алчноста ги надминува човечките закони? (2. Мој. 20:17) [w 15.6.06 стр. 23, 24 пас. 16].