Известувања
◼ Ако планирате да патувате во некоја земја која не е посебно наведена во извештајот од тековната службена година или ако нејзината адреса не е наведена на последната страница од најновиот Годишник, ве молиме контактирајте со вашата подружница за да добиете некои посебни упатства или да дознаете какви мерки на претпазливост се потребни. Можеби во тоа подрачје делото на проповедање е под забрана (Мат. 10:16). Во некои земји можеби не е препорачливо посетителите да контактираат со тамошните Сведоци или со собранијата. Можеби ќе добиете и други упатства во врска со неформалното сведочење или со носењето литература. Ако ги следите упатствата што ќе ги добиете, ќе се избегнат непотребни проблеми за вас или за делото за Царството (1. Кор. 14:33, 40).
◼ На 1 април 2008 год., во Македонија официјално почнаа да функционираат две нови групи. Едната е групата во Ресен, а другата е групата на албански јазик во Охрид. Објавителите од двете групи се многу ревносни и затоа собранието во Охрид, кое ги надгледува овие две групи, организира седмични состаноци за нив. Токму од оваа причина во Ресен е изнајмено едно место кое служи како центар на обожавањето на вистинскиот Бог во овој град и со кое се дава добро сведоштво за Јехова.