Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба.
1. Што можеме да научиме од забраната што се наоѓа во 2. Мојсеева 23:19? [w 1.4.06 стр. 31, пас. 1-5].
2. Што биле Урим и Тумим, и како се користеле во древниот Израел? (2. Мој. 28:30) [w 15.1.06 стр. 18; w 1.9.01 стр. 27].
3. Како Јехова разговарал со Мојсеј „лице в лице“? (2. Мој. 33:11, 20) [w 15.3.04 стр. 27].
4. Што учиме од Израелците кои великодушно приложиле материјали и ги користеле своите вештини за да се изгради светиот шатор? (2. Мој. 35:5, 10) [w 1.11.99 стр. 31, пас. 1, 2].
5. Што претставувала завесата во Божјиот голем духовен храм спомната во 2. Мојсеева 40:28? [w 15.1.00 стр. 15, пас. 7, 8].
6. На кој аспект од Исусовата жртва укажувала ‚жртвата паленица‘, која целата се принесувала на жртвеникот? (3. Мој. 1:13) [w 15.5.04 стр. 21, пас. 3].
7. Што учиме од зборовите: „Сиот лој му припаѓа на Јехова“? (3. Мој. 3:16, 17) [w 15.5.04 стр. 22, пас. 2].
8. Што можеби било вклучено во гревот на синовите на Арон, Надав и Авиуд, и што учиме од тоа? (3. Мој. 10:1, 2, 9) [w 15.5.04 стр. 22, пас. 6-8].
9. Што дознаваме од 3. Мојсеева 12:8 за родителите на Исус, и што можеме да научиме од тоа? [w 15.12.98 стр. 6, пас. 5].
10. Како различните животински жртви што се принесувале на Денот на очистување во древниот Израел се поврзани со откупната жртва на Исус? (3. Мој. 16:11-16) [w 15.2.98 стр. 12, пас. 2].