ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/09 стр. 2
  • Вешто користи ја Библијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вешто користи ја Библијата
  • Нашата служба за Царството 2009
  • Сличен материјал
  • Како полесно да памтиш стихови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Дел 3: Водење напредни библиски студии
    Нашата служба за Царството 2004
  • Дали ја браниш Божјата реч?
    Нашата служба за Царството 2007
  • Да се охрабри на користење на Библијата
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Нашата служба за Царството 2009
km 9/09 стр. 2

Вешто користи ја Библијата

1. Зошто е корисна Библијата?

1 Ако вешто ја користиме Божјата вдахновена реч, ќе можеме јасно да сведочиме и да поучуваме за вистината и да ги разоткриваме лажните учења и човечките традиции (2. Тим. 2:15; 1. Пет. 3:15).

2. Што ќе ни помогне повешто да ги наоѓаме стиховите?

2 Подобро запознај ја Библијата: За да можеме вешто да користиме некој алат, мора добро да се запознаеме со него. Според тоа, ако ја прочиташ Библијата од почеток до крај, ќе можеш да имаш целосна слика за нејзината главна тема. Исто така, тоа ќе ти помогне полесно да ги помниш и да ги наоѓаш стиховите. Колку подобро ја запознаваш Библијата, толку поревносно и поуверено ќе им сведочиш на другите неформално и во службата од куќа до куќа (1. Сол. 1:5).

3, 4. а) Како можеме подобро да ја запознаеме Библијата? б) Дали си користел и други начини за подобро да ја запознаеш Библијата?

3 Нека ти стане навика да ја отвораш Библијата и да следиш во неа за време на собраниските состаноци. Кога проучуваш и кога се подготвуваш за состаноците, прочитај ги наведените библиски стихови и размислувај како да ги примениш. Многумина сфатиле дека, ако читаат директно од Библијата наместо од компјутер или од отпечатен лист, полесно можат да ги наоѓаат стиховите кога им требаат во службата (Јован 14:26).

4 Некои семејства одвојуваат посебно време за да помнат библиски стихови. Ова може да се прави со помош на картички на кои од едната страна е наведен стих, а од другата е напишан целиот негов текст. Со тие картички проверуваат дали можат да го цитираат стихот или да се сетат каде се наоѓа во Библијата. Друго нешто што ќе ни помогне повешто да ја користиме Библијата е да вежбаме презентации за служба и како да одговориме на некој приговор или прашање.

5. Зошто треба да се трудиме уште повешто да ја користиме Библијата?

5 Нема друга книга како Библијата. Во неа се наоѓаат единствените списи што можат да ги направат луѓето ‚мудри за да добијат спасение‘ (2. Тим. 3:15). Бидејќи повеќето луѓе на нашето подрачје не се свесни дека во Библијата се крие бесценето богатство, имаме добра причина да се трудиме уште повешто да ја користиме за да им покажеме што има таа навистина да им понуди (Изр. 2:1-5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели